Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
АгровестиСубвенции

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година

Последна измена: 11/06/2025 09:27
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е отворен електронскиот систем за поднесување на барања за директни плаќања во земјоделството.

Краен рок за поднесување на барањата е 31. 07. 2025 година.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,

– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е:

www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

За мерките за растително производство по обработлива земјоделска површина за прв пат оваа година се воведува Геопросторно барање.

Земјоделецот секоја земјишна парцела ја добива геопросторно – нацртана во простор (превземено од СИЗП: број на СИЗП парцела, површина во м2, тип на употреба на земјоделско земиште, поврзани КП, место викано).

Барателот геопросторно ги пријавува податоците за своето производство за секоја култура: вид на култура, големина и точна просторна локација.

На овој начин е намалена можноста за грешки при аплицирање а воедно предмет на контрола на терен ќе биде точно пријавената површина.

Геопросторниот производен план претставува основа за мониторинг на парцелите кој претставува систем на следење на активностите на земјишните парцели по пат на сателитски снимки при што ќе се оневозможи исплата на субвенции за земјиште кое не се обработува. 

Може да ви се допадне

Снег падна во Словенија сред лето
Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
Повторно функционален и пуштен во употреба мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес
АМСМ: Нормален режим на сообраќај на делница Башино Село – Велес
Таг:годинаелектронскоплатежнапријавувањесубвенции
Претходен напис Промоција на Етичкиот кодекс на групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора
Следен напис Објавени повици за набавка на приклучна механизација, заштитни мрежи, системи за наводнување и бунари и опрема за преработка на фарма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?