Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на Етичкиот кодекс на групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на Етичкиот кодекс на групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора
Агровести

Промоција на Етичкиот кодекс на групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора

Објавено 11/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе го промовираат Етичкиот кодекс со кој се утврдуваат минималните стандарди во работењето на финансиските друштва.

Како што стои во соопштението на Стопанската комора, Етичкиот кодекс претставува збир на вредности, принципи и добри практики од работењето на финансиските друштва, потписници на Етичкиот кодекс, кои се во согласност со законски пропишаните регулативи и ги надградуваат истите.

Целта е, велат, да се унапреди работењето на финансиските друштва и да се подобри корисничкото искуство на нивните клиенти, да се поттикне поголема социјалната одговорност на финансиските друштва, како и да се унапреди релацијата на финасиските друштва со потрошувачите, односно корисниците на нивните услуги.

На настанот, финансиските друштва членки на Групацијата, ќе го потпишат Етичкиот кодекс, со што и формално ќе се обврзат на примена на неговите принципи и вредности.

Финансиските друштва членки на Групацијата при Стопанската комора продолжуваат во континуитет да работат на подобрување на екосистемот за одговорно кредитирање, заштита на клиентите, подобрување на бизнис условите на пазарот, усогласување со глобалните стандарди, како и подобрување на видливоста и репутацијата на небанкарските финансиски институции. Во тој контекст, донесувањето на Етичкиот кодекс следи по кампањата за финансиска едукација за заштита на личните податоци. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:групацијатаЕтичкиот кодекспромоцијаСтопанската комора
Претходен напис Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања
Следен напис ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?