Денеска се објавија три нови јавни повици за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година!
Повик 05/2025 покрива:
– Набавка на машини за разбивање на мраз;
– Набавка на системи против замрзнување;
– Заштитни мрежи и заштитени фолии;
– Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;
– Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.
Повик 06/2025 се однесува на:
• Приклучна земјоделска механизација.
Повик 07/2025 е наменет за:
– Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
– Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.
За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник!
Може да аплицираат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.
За подготовка на деловен план и комплетна електронска апликација јавете се на 071 285 385 и 071 225 345.
