Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Отстранет сериозен дефект на десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > (ФОТО) Отстранет сериозен дефект на десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“
Шумарство и водостопанство

(ФОТО) Отстранет сериозен дефект на десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“

Објавено 19/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десетина работници со опрема и механизација на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани беа ангажирани во изминатото деноноќие на отстранување на сериозен дефект на десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“.

Фото/Facebook/Kanal Osum

Поради огромниот воден притисок дошло до оштетување на механизмот за контрола на испустот, но со брзата интервенција спречени се поголеми загуби на вода и поплавување на дел од површините засеани со житни култури.

-Вчера околу 14 часот дојде до пукање на челичниот затворач на водата со кој таа од магистралниот канал се дистрибуира во каналската мрежа за наводнување на површините во атарите на селата Оризари и Прибачево. Со брза интервенција, го запревме испуштањето на вода од браната Калиманци и десниот магистрален канал беше целосно испразнет, по што нашите работници почнаа со отстранување на дефектот. Се работи за голема количина вода од околу 10 кубни метри, а поради големиот притисок и дотраеноста на дел од механизмот за затворање на испустот, настанало оштетување на металната врата и водата без контрола почнала да се излева во нивите, истакна Благојчо Богатинов, в.д. директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

Фото/Facebook/Kanal Osum

Прекинот на десниот магистрален канал траеше 24 часа и во овој период без вода за наводнување останаа земјоделски површини во полињата во Кочанско и во дел од Пробиштипско и Светиниколско.

Од Водостопанската подружница во Кочани информираа дека санирањето на дефектот е веќе завршено, поставен е нов механизам за затворање и во текот на доцните попладневни и часови водата во хидросистемот повторно ќе потече до нивите во регионот.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:брегалница
Претходен напис Соларна енергија и ветерници за надминување на енергетската криза во државата
Следен напис За колку ќе биде помало производството на житарки во ЕУ во споредба со 2021 година?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?