Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За колку ќе биде помало производството на житарки во ЕУ во споредба со 2021 година?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За колку ќе биде помало производството на житарки во ЕУ во споредба со 2021 година?
Агровести

За колку ќе биде помало производството на житарки во ЕУ во споредба со 2021 година?

Објавено 19/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија објави нов Извештај за краткорочните прогнози на земјоделските пазари на Европската Унија, кој претставува преглед на најновите трендови и понатамошни перспективи на земјоделските и прехранбените пазари.

Нагласено е дека војната во Украина ја поремети глобалната трговија со земјоделски производи и создаде поголема неизвесност во однос на идната достапност на житарки и маслодајни семиња. Наведено е дека ЕУ е претежно самодоволна во производството на храна и има огромен суфицит во трговијата со овие производи. Се очекува заедничкиот пазар да ги апсорбира нестабилностите што се јавуваат.

Помалку, но доволно житарки
Во земјоделското производство, значаен проблем се високите влезни трошоци и лошите временски услови, пред се кога се во прашање топлотните бранови и сушата. И покрај мерките за зајакнување на домашното производство, очекувањата се намалени. Производството на житни култури во ЕУ се предвидува да биде за 2,5 отсто помало отколку во 2021 година. Вкупното производство ќе достигне 293,3 милиони тони, додека летната прогноза е 286,4 милиони тони.

Благодарение на големите залихи, се тврди во извештајот, достапноста ќе биде поголема. Почетните залихи се зголемени за 24 отсто во однос на петгодишниот просек и ќе помогнат да се надомести недостигот поради сушата. Нивната количина е фиксна и изнесува 50,1 милиони тони.

Во комбинација со помалата побарувачка за добиточна храна и намалената употреба за биогориво, извозот на оваа стока од ЕУ може да се зголеми за 30 проценти. Сепак, проценките за извозот во летната прогноза се намалени од 41,4 на 33,5 милиони тони во однос на пролетната. Ова само делумно ќе го надомести падот на глобалната достапност поради блокадата на пристаништата на Црното Море и извозните ограничувања од страна на некои извозници.

Се наведува дека околу 8 милиони дополнителни тони пченица би можеле да бидат извезени во 2022-2023 година во однос на претходната година.

Постои одредена загриженост поради пристапноста предизвикана од високите пазарни цени, како и од инфлаторните трендови. Ова ќе изврши поголем притисок врз цените на храната, особено на потрошувачките цени на млечните производи. Потрошувачката на сирење може благо да се зголеми, додека употребата на млеко во прав во преработката се очекува да се намали.

Зголемени површини под протеински култури

По олабавувањето на обврските од ZPP, површините под протеински култури се зголемуваат. Тоа значи повеќе соја, мешунки и маслодајни семиња.

Извршната власт на ЕУ дозволи исклучителна и привремена отстапка со цел годинава да се овозможи производство на култури на угари. Комисијата размислува да го продолжи ова отстапување за уште една година. Зголемувањето на количеството на протеински култури е за шест отсто, а се очекува зголемување на приносите за три отсто. Од оваа промена и дозволувањето на сеидбата на угари, најмногу имаше сончогледи, бидејќи промената дојде малку подоцна, но се очекуваат рекордни приноси од ова маслодајно растение.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Европска унија
Претходен напис (ФОТО) Отстранет сериозен дефект на десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“
Следен напис Усвоен ребалансот на буџетот – За земјоделството дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции за стимулирање на приносите и продуктивноста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?