Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

(ВИДЕО)Бабовски од Пелагонија: Земјоделци, подготвувајте ги документите за нов повик ИПАРД, мерка 1 инвестиција во материјални средства за земјоделските стопанства


На денешното одбележување на стартот на новата земјоделска инвестиција „Голд Ленд“ во прилепско, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски информираше и за новиот повик за ИПАРД кој се очекува да биде за еден месец.

-Почитувани земјоделци, токму од тука од Пелагонија сакам да ве информирам дека од денеска тече и најавата за нов повик за ИПАРД, мерка 1 инвестиција во материјални средства во земјоделските стопанства. Сите кои сакате да го унапредите и модернизирате производството, повелете подготвувајте ги документите бидејќи за еден месец ќе биде јавниот повик.

-Дека сме на прав пат покажуваат и последните податоци. Преку ИПАРД 2 програмата, до денеска да се склучени 1.441 договори со вкупна вредност од 32,2 милиони евра- истакна директорот Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја објави најавата за објавување на Јавниот повик број 01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од ИПАРД 2 програмата.

Јавниот повик за доставување на барања за оваа мерка ќе се објави во втората половина на месец јануари 2020 година. Финансиските средства по мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” се за инвестиции во следните подсектори:
✔️Растително производствo
✔️Сточарско производство
✔️Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство
✔️Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка

Повеќе информации на следниот линк:
http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Дек 23, 2019agrotim1
Османи: Имаме историски успех во користењето ИПАРДМЗШВ: Јавен повик за земја до 3 хектари во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес

Напишете коментар Откажи одговор

23/12/2019 Фондовибабовски, земјоделски стопаства, инвестиција, Ипард, мерка11,012

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019