Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите најавуваат радикални протести ако не се реши состојбата со пласманот и цената
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите најавуваат радикални протести ако не се реши состојбата со пласманот и цената
Агровести

Оризопроизводителите најавуваат радикални протести ако не се реши состојбата со пласманот и цената

Објавено 25/01/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата година беше најтешка за оризопроизводството, a во 2026та влеговме со старите големи проблеми, констатираат производителите на “белото злато” од кочанскиот регион, информира 24ТВ.

Откуп нема, ниската производна и откупна цена, како и неконтролираниот увоз на ориз од земјите од Блискиот исток се дополнителни проблеми за незадоволството кај земјоделците да е сè поголемо и најавуваат радикални протести.

Од реколтата 25та има само 5% откупена оризова арпа, а моменталната откупна цена за оризопроизводителите е крајно неприфатлива, што значи речиси цела реколта стои по амбарите. Тврдат и дека откупната, како и производната цена се темелат на погрешни основи. 

Од друга страна пак, откупувачите велат дека се раководат според побарувачката на пазарот и не можат самостојно да одлучуваат по која цена ќе откупуваат. Ваквата ситуација оризпроизводителите ги става во незавидна положба и заклучуваат дека доколку надлежните не најдат решение, тогаш ќе бидат оставени сами на себе и како што велат, ќе бидат приморани работите да ги преземат во “свои раце”.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:оризопроизводителиоткуп
Претходен напис Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
Следен напис Малите трговци за новиот закон за заштита од пушење: Ова ќе стави клуч на врата на над 4000 бизниси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?