Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите ги ставаат во мирување протестите и блокадата на патиштата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите ги ставаат во мирување протестите и блокадата на патиштата
Агровести

Оризопроизводителите ги ставаат во мирување протестите и блокадата на патиштата

Објавено 13/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На оризопроизводителите од Кочанско ќе им бидат исплатени редовните субвенции, а ќе добијат и дополнителна интервентна финансиска поддршка по засеана единица површина. Поради тоа земјоделците ги ставаат во мирување протестите и блокадата на патиштата.

Претставници на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделци денеска оствариле средба со надлежните во Министерството за земјоделство, при што е договорено субвенциите да бидат исплатени до крајот на годината, а министерот Аријанит Хоџа уште еднаш да разговара со претставниците на откупните претпријатија околу откупните цени.

– Има првичен договор да бидат исплатени основните субвенции, плус да се обезбедат по 18 илјади денари за хектар. Се работи за дополнителни субвенции, односно наместо најавените по три денари за килограм, парите ќе се исплатат за засеана површина, за да не се чека откупот на арпата. Причина за тоа е што динамиката на откупот ќе биде бавна, а исплатата на субвенциите да се реализира до крајот на декември. Што се однесува до откупните цени, министерот најави дека деновиве повторно ќе се сретне со откупувачите, а резултати од разговорите очекуваме идната недела – истакна Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделци.

Додаде дека единствена цел на земјоделците е да добијат откупни цени што ќе бидат одржливи и ќе овозможат економска оправданост на производството на ориз. Доколку тоа се оствари, тогаш субвенциите што ги добиваат од државата ќе бидат сосема доволни.

Министерот Хоџа и призводителите на ориз се договорија откупувачите да ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Таг:ориз
Претходен напис Министерот Хоџа и призводителите на ориз се договорија откупувачите да ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти
Следен напис Кога е најдобро време да се садат садници ореви, кои се најдобри сорти, на што треба да се внимава при садењето?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?