Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа и призводителите на ориз се договорија откупувачите да ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа и призводителите на ориз се договорија откупувачите да ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти
Агровести

Министерот Хоџа и призводителите на ориз се договорија откупувачите да ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти

Објавено 13/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во просториите на МЗШВ, денеска одржа состанок со оризопроизводителите кои вчера протестираа и го блокираа патот во село Облешево.

„Се догововоривме дека откупувачите ќе ја почитуваат откупната цена од 20 ден/кг за сортата Сан Андреа и 17 ден/кг за другите сорти. Скоро сите откупувачи, до МЗШВ имаат доставено ценовник согласно овие цени, со ветување дека нема да одат под договореното. Јас им ветив на оризопроизводителите дека од следната недела кога и откупот ќе биде поинтензивен, лично ќе излезам на терен и ќе ја следам состојбата, дали се почитуваат договорените откупни цени.

Како дополнителна помош, од Ковид програмата на Владата, издвоени се три денари за оризопроизводителите. Овие средства ќе бидат исплатени до 25 декември оваа година. Дополнително во текот на месецов ќе донесеме одлука дали исплатата на трите денари ќе биде по килограм предадена оризова арпа или по обработлива површина. Одлуката ќе зависи од текот на откупот а е со цел да го заштитиме оризопроизводството на начин кој ќе биде најсоодветен и најмногу во интерес на земјоделците.

На средбата разговаравме и за изнаоѓање на нови пазари како што е турскиот, кој минатата година пројави интерес да откупува наш ориз. Сите опции се отворени, веќе работиме на многу стратегии и убеден сум дека на овој начин преку дијалог и со откупувачите и со производителите, секогаш ќе ги носиме најдобрите решенија.“, рече министерот Хоџа.

May be an image of 1 person, standing and sitting

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:арпаоризопроизводителиХоџа
Претходен напис Како да ги чувате јаболките за да им го продолжите рокот на траење?
Следен напис Оризопроизводителите ги ставаат во мирување протестите и блокадата на патиштата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?