Ореови садници можат да се насадат во периодот помеѓу ноември и април. За време на овие месеци садниците се во состојба на мирување.
Сортата се бира во зависност од климата и надморската височина.
Чендлер е најдобрата сорта во однос на продуктивноста и квалитетот на оревот. За да се насади орев чендлер земјиштето треба да е лоцирано на надморска височина од 1200 метри или пониско.
Фернор е продуктивна сорта која е отпорна на студ. Може да се насади на надморска височина повисока од 1200 метри. Произведува ореви со висок квалитет и вкусни јатки.
На еден хектар можат да се насадат 330 дрвја при што треба да има простор од 5 метри помеѓу дрвјата. Исто така треба да има простор од 6 метри помеѓу редовите на дрвја.
Подготовка на земјиштето
Пред да престигнат садниците, треба да се подготви земјиштето.
Треба да се изора земјата со трактор. Орањето на земјата ќе донесе повеќе воздух до почвата. Исто така ќе го зголеми капацитетот на задржување на водата во почвата, а ги раскршува и глината и згрутчената почва. Со други зборови ги отвора патиштата за корените да растат.
Означете ги местата каде што ќе бидат засадени садниците. Ископајте дупки од 60 см широчина и околу 60 см длабочина.

Садење
Пред да ги насадите садниците, исечете ги искршените корења и корењата кои се предолги.
Ставете го дрвото во дупката и наполнете ја дупката со почва околу корењата. Осигурајте се дека стебленцето е неколку сантиметри над земјата. Кога ќе завршите со закопувањето притиснете ја почвата надолу со рацете и стапалата. Осигурајте се дека дрвото е добро поставено. Дрвото не треба да се отстрани од земјата кога ќе го повлечете со рацете.
Кога дрвјата ќе бидат поставени на нивното место, треба да се искастрат нивните врвови. Исечете го врвот на секое дрво, 60 см над почвата. Ова ќе помогне за пренасочување на енергијата на дрвото кон растење на коренот отколку кон создавање на лисја.
Бојадисајте го телото на дрвјата со бела боја (пожелно е со латекс боја). Ова ќе ги штити од горење од сонцето. Осигурајте се дека користите боја на база на вода (избегнувајте бои кои се базирани на масло).
Грижа за садниците
Наводнувајте ги дрвјата во жешките летни месеци. Се препорачува да се користи систем капка по капка за наводнување на дрвјата. Во зависност од временските услови, на секое младо дрво ќе му требаат околу 15 литри вода дневно за време на жешките летни денови.
Ставајте им ѓубриво NPK (Азот – Фосфор – Калиум) на дрвјата за подршка при растот.
За помладите дрвја особено е важен азотот за раст. Младите дрвја барат околу 100 грама азот на дрво во првите три години. Кога дрвјата ќе достигнат до четвртата година и ќе почнат со производство, количеството на азот треба да биде поголемо.
Отстранете ја тревата од основата на дрвото за да не ја собира водата и грижете се за вашите садници.
