Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Огласи > Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување
Огласи

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување

Објавено 15/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Локалната самоуправа на Зрновци објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост со кој на инвеститорите им нуди вкупно 21 градежнa парцела, во сите три населени места во општината.

Вкупната површина на земјиштето што е предмет на продажба изнесува околу два хектара, а доколку се продадат сите градежни парцели Општината очекува да оствари приход од најмалку 1,3 милиони денари. Парцелите што се нудат се за изградба на објекти за индивидуално домување, при што девет се во Зрновци, седум во Видовиште и две во Мородвис.

Градежното земјиште се продава со јавно наддавање, а со оглед што станува збор за мала и рурална општина, од Локалната самоуправа нагласија дека ќе се остварат дополнителни приходи на буџетската сметка што ќе овозможат услови за економско раздвижување на локално ниво.

-Огласот за продажба го објавуваме по пауза од неколку години, со оглед што во изминатиот период граѓаните покажаа зголемен интерес за изградба на сопствени куќи, а има и заинтересирани инвеститори за стопански објекти. Парцелите што ги нудиме се со различна површина, од близу 160 до над 5.500 квадратни метри. Исто така, различна е катноста на објектите што  можат да се градат, односно на 4 парцели во Зрновци предвидено е да се градат објекти со приземје и два ката, додека останатите се за приземје, два ката и поткровје. Локациите и условите за купување се поволни, односно изнесуваат по 61 денар од квадрат, поради што очекуваме успешна реализација на продажбата, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Рокот за пријавување на заинтересираните купувачи за градежните парцели е електронски на www.gradezno-zemjiste.mk најдоцна до 9 февруари, а јавното наддавање ќе се одржи два дена подоцна. Јавниот повик за продажба на парцелите може да се види и на веб-страницата на Општина Зрновци.

Може да ви се допадне

Постапка за издавање согласност за градење на помошни објекти, оранжерии на земјоделско земјиште
Закон за земјоделско земјиште: Изградба на објекти на земјоделско земјиште
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините
Собранието ги усвои измените на Законот за Проектот за изградба на Коридорите 8 и 10 д и за пензиското и инвалидското осигурување
Таг:21 парцелаЗрновциИзградбаобјекти
Претходен напис Забрани за тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар и Струмица – Берово
Следен напис Унгарски истражувачи го истражуваа македонскиот обичај „Џоломари”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?