Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зрновци и Чешиново-Облешево в сабота заеднички ќе спроведат авионско прскање против комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зрновци и Чешиново-Облешево в сабота заеднички ќе спроведат авионско прскање против комарци
Агровести

Зрновци и Чешиново-Облешево в сабота заеднички ќе спроведат авионско прскање против комарци

Објавено 10/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на договорот за меѓуопштинска соработка, Општина Зрновци и Општина Чешиново-Облешево в сабота, 11 јули, ќе спроведат заеднички адултициден третман против комарци со авионско прскање, со цел да се постигне поголема ефикасност во намалувањето на популацијата на комарци на територијата на двете општини.

Третманот ќе започне во раните утрински часови, од 04:30 часот, при што активностите ќе траат до 08:00 часот.

Со заедничката акција ќе бидат опфатени вкупно 700 хектари, од кои 500 хектари на територијата на Општина Чешиново-Облешево и 200 хектари во Општина Зрновци.

Од двете општини апелираат до граѓаните во периодот на спроведување на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено, додека сопствениците на пчелни семејства навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови, како дожд или силен ветер, не дозволат реализација на третманот во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови.

Од локалните самоуправи истакнуваат дека координираното спроведување на адултицидниот третман е резултат на меѓуопштинската соработка и има за цел да обезбеди поголем ефект во контролата на комарците, особено во периодот кога нивната бројност е најизразена.

Може да ви се допадне

Македонската и хрватската Царина со заедничка платформа за соработка со бизнис-заедницата
Во ХЕ „Шпилје“ во првата половина од годинава 30 отсто поголемо производство од истиот период лани
МФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните, зголемена транспарентност и подобар надзор во согласност со европските стандарди
Енергетската независност една од стратешките цели на Владата – повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
Без вода Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениковo
Таг:Авионско прскањеЗрновцикомарциЧешиново-Облешево
Претходен напис Во ХЕ „Шпилје“ во првата половина од годинава 30 отсто поголемо производство од истиот период лани
Следен напис Македонската и хрватската Царина со заедничка платформа за соработка со бизнис-заедницата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?