Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Кочани ги зголеми планираните трошоци за прскање против комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Кочани ги зголеми планираните трошоци за прскање против комарци
Агровести

Општина Кочани ги зголеми планираните трошоци за прскање против комарци

Објавено 27/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 2,5 милиони денари од сопствениот буџет планира да потроши Општина Кочани за прскање против комарци во текот на оваа година, што е зголемување за околу 15 отсто во споредба со претходната сезона.

Средствата се наменети за авионско прскање на површина од 5.100 хектари, што е за околу една третина повеќе од лани, како и за прскање од земја на површина од 900 хектари. Исто така, во периодот од март до јуни ќе се спроведе и ларвицидно запрашување по коритото на Кочанска Река и на локации каде има застојана вода.

-Парите за дезинсекцијата се обезбедени од општинскиот буџет, во согласност со годишната Програма за здравствена заштита на населението, а веќе тече рокот за јавната набавка за фирма што треба да ја изврши услугата. Избраниот оператор ќе треба да ги набави инсектицидот и ларвицидот што одобрени од Бирото за лекови и се дозволени за третман против комарците. Авионското и прскањето од земја ќе се реализираат во три различни временски етапи, пред почетокот и во текот на летниот период, додека ларцивидниот третман е во четири етапи, на површина од 24 хектари, истакнуваат од Одделението за јавни дејности во општина Кочани

Заедно со третманот против комарците, ќе се спроведе и рачна дезинсекција против крлежи, болви и други инсекти, за што се планирани пет прскања на површина од половина хектар.

Во зависност од временските услови во текот на пролетта, се планира првата етапа од третманот против комарците во Кочани да се реализира кон крајот на мај или на почетокот на јуни.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:комарциКочанипрскањетрошоци
Претходен напис Замрзна Осломејско Езеро, нема опасност за рибниот фонд
Следен напис Охридските земјоделци најмногу интерес имаат за ИПАРД средствата за модернизација на земјоделската механизација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?