Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан
Агровести

„Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан

Објавено 14/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на дводневниот работен состанок во Ниш, на кој се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите што ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен Балкан“ веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на трудот и поврзување без граници.

– На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и за слободен пристап до пазарот на трудот со креирање на „Опен Балкан ИД“ („Open Balkan ID“), со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности, се наведува во соопштението.

Од владата информираат дека во работните групи на состанокот на експертско ниво учествувале претставници на министерствата за економија, за надворешни работи, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

– Од страна на реалниот сектор на состанокот учествуваа и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, кои уште од почетокот се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и кои на  поврзувањето во заеднички и отворен пазар на регионот му дадоа целосна поддршка.

MИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:делегацијамакедонијаотворен балка
Претходен напис Од понеделник започнува откупот на тутунот, се очекува просечна цена од 220 денари за килограм
Следен напис Времето денеска облачно со слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?