Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од понеделник започнува откупот на тутунот, се очекува просечна цена од 220 денари за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од понеделник започнува откупот на тутунот, се очекува просечна цена од 220 денари за килограм
Агровести

Од понеделник започнува откупот на тутунот, се очекува просечна цена од 220 денари за килограм

Објавено 13/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од понеделник, 15 ноември, стартува откупот на тутунот од годинашнава реколта. До денеска е заверувањето на мострите тутун и до понеделник сите девет откупни претпријатија треба да ја почнат откупната кампања. Неподелено е и мислењето и на откупувачите и на тутунарите дека реколтата е многу поквалитетна од лани, иако родот е намален. Се очекува род од 18 до 20.000 тони, а просечната цена да не биде под 220 денари за килограм.
Кире Станкоски, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат вели дека се подготвени за почетокот на откупот и дека парите се обезбедени.
„Подготовките се завршени, поделени се картоните, парите ги обезбедивме и сета документација е завршена. Доколку се подготвени кооперантите, ние можеме да почнеме со откуп од понеделник, вели Станкоски.
Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија вели дека состојбите се поволни за тутунарите, за разлика од лани. Родот иако помал е квалитетен, а е донесен и нов правилник за откуп. Тутунот, главно, ќе се откупува во три класи.
„Оваа година тутунот е многу поквалитетен. Реколтата количински е помала, очекуваме најмногу да тежи до 22.000 тони. Тутунот, главно, ќе се цени во трите класи“, вели Стомнароски.
Тој додаде дека во првата класа ја зголемиле должината на тутунскиот лист, од 12 на 14 сантиметри, а во втората класа до 18 сантиметри.
Николче Мирчески од прилепското село Беровци очекува род од 4,5 тони, нешто помалку од лани, но поради квалитетот подобро да биде платен.
„Квалитетот во споредба со лани, има голема разлика.Тутунот е многу поквалитетен. Затоа, очекуваме, цената да биде многу подобра од лани“, рече Мирчески.
Според Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија, новиот правилник за откупот на тутунот нема суштински да ги промени состојбите.
„Најбитно е поверениците на вагите и Земјоделскиот инспекторат да ги контролира состојбите на теренот. Реално да се проценува родот на тутунарите на вагите. Цените на класите не се променети, единствено квалитетот на тутунот може да донесе повисоки цени. Сметаме дека просечната треба да биде околу 220 денари за килограм“, вели Мирчески.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:игоркласимирческиоткупсубвенциитутун
Претходен напис Арјанит Хоџа си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство
Следен напис „Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?