Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Опасност при берба на овошјето: Што треба да се направи при убод од оси, пчели и стршлени и како да се избегнат?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Опасност при берба на овошјето: Што треба да се направи при убод од оси, пчели и стршлени и како да се избегнат?
Совети

Опасност при берба на овошјето: Што треба да се направи при убод од оси, пчели и стршлени и како да се избегнат?

Последна измена: 21/09/2020 08:35
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Со доаѓањето на раната есен и бербата на овошјето во овоштарниците и лозјата, постои опасност од каснување од инсекти. Пчелите, осите и стршлените се најчестите закани. Би било идеално да соживотот на луѓето и инсектите е можен без опасност. Но, од нивна перспектива, тоа би значело дека луѓето не смеат да ја загрозуваат нивната територија, а од нашата, дека не треба да нè боцкаат кога тоа им го правиме. И тоа изгледа невозможно.

Затоа, ова е важна тема за време на бербата на овошјето бидејќи тие претставуваат голема закана за здравјето, особено за оние луѓе кои се алергични на нив.

Што да се направи ако има убод од инсекти и алергиска реакција?

Како да препознаете алергиска реакција?

Најдобро е прво да проверите дали осилото останало во кожата, и доколку е потребно, треба нежно да се извади, користејќи марамче или газа. Треба да се избегнува  отстранување со пинцета или игла. Исто така е  важно да се стави мраз на тоа место и да се чува од 15 до 30 минути. Ако и после тоа има црвенило, чешање  или оток може да се намачка со антихистаминска крема.

Убодите од овие инсекти се непријатни сами по себе, но кога се пропратени со алергиска реакција, тогаш ситуацијата станува многу сериозна.

Во случај на алергиска реакција, лицето се жали на силна болка на местото на убодот. Исто така, отокот може да биде видлив на тоа место, а исто така може да се појави  осип или црвенило  на телото. Додека пак во тешки алергиски реакции, се јавуваат потешкотии со дишењето, оток на јазикот, гадење, дијареја и главоболки, па дури и губење на свеста.

Постои и закаснета алергиска реакција

Треба да се напомене дека во некои случаи доаѓа и до одложена алергиска реакција. Таа може да се појави 8 до 12 часа после убодот и обично се манифестира со појава на осип, црвенило и чешање околу тоа место или по целото тело.

Задолжително треба да се повика брза помош кога ќе забележиме знаци на силна алергиска реакција во која се присутни претходно споменатите симптоми.

Подобро да се спречи отолку да се лечи!

Познато е дека овошните сокови се исклучително привлечни за овие инсекти. Тие обично се гнездат во заштитени места на дрвјата, во грмушките, но и во тавани, оџаци, пукнатини на фасадата, околу прозорците и слично. Затоа, редовно прегледувајте ги ваквите места, но бидете внимателни. Никогаш не горете ги нивните гнезда и не полевајте ги за да не ги вознемирувате.

Овие инсекти имаат посложен вид од нас луѓето, тие ги гледаат работите поинаку и честопати можат да бидат привлечени од погрешни предмети, вклучувајќи ја  и облеката на една личност. Светлите бои, како жолтата, повеќе ги привлекуваат. Затоа, кога работите во овоштарникот препорачливо е  да избегнувате облека во жолта боја, а најдобро  е да носите бледи нијанси или бело.

Исто така, не се препорачува во овоштарникот  да носите лабава облека па така инсектите нема да можат да се вовлечат во неа и да ве вознемират уште повеќе. Избегнувајте и парфеми, особено оние со цветни и овошни ноти.

Ако видите гнездо или рој инсекти, избегнувајте го во широк радиус и никогаш не мавтајте со рацете за да не ги вознемирувате дополнително. Исто така, немојте да ги тресете старите гранки на дрвјата затоа што тие инсекти најчесто се гнездат токму таму. Никогаш не одете сами кога го берете овошјето и секогаш имајте мобилен телефон со вас за да можете да повикате помош.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Пламеница на КОМПИР и ДОМАТ Phytophora infestans
Каснувањето од поскок има страшни последици: Ако ве касне, времето почнува да тече брзо! Еве колку минути имате
Нов вирус им се заканува на пиперките: Во Шпанија се заразени повеќе од илјада хектари
(ВИДЕО) Кога и како да се засадат лубениците во градината
Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
Таг:инсектиОвоштарнициопасностубод од инсекти
Претходен напис ЕУ: Пчеларите бараат забрана за увоз на мед од Кина
Следен напис Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?