Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Опаѓа нивото на реката Треска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Опаѓа нивото на реката Треска
Шумарство и водостопанство

Опаѓа нивото на реката Треска

Објавено 01/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По рекордните 170 сантиметри измерени кај мостот во Македонски Брод вчера претпладне, нивото на реката Треска утринава е намалено на кота од 130 сантиметри.

Слабите врнежи од снег присутни во регионот во текот на вчерашниот ден, не придонесоа нивото на Треска и понатаму да расте или да остане на рекордните 170 сантиметри, бидејќи од ноќеска нивото на најголемата притока на Вардар е во опаѓање и во текот на денешното претпладне е спуштено на кота 130, колку што беа измерени и пред два дена, рече Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод.

Тој посочи дека деновиве се очекува понатамошно намалување на нивото на реката Треска, бидејќи не се најавуваат пообилни врнежи од дожд или снег.

– За очекување е нивото на река Треска и натаму да опаѓа , бидејќи прогнозите на метеоролозите не најавуваат нови поинтензивни врнежи од дожд или снег. Со намалувањето на нивото на Треска се очекува да почне да се повлекува водата од поплавените површини и постепено состојбата да се врати на периодот пред поплавите- додава Стојкоски и појасни дека сообраќајот во општината се одвива по влажни коловози но без застои и до сите селски населби патиштата се продни, бидејќи снежната покривка речиси целосно се стопи.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:treskaтреска
Претходен напис Светската трговија се очекува да достигне рекордно ниво оваа година, и покрај пандемијата со коронавирусот
Следен напис Тартуфите на Истра се во опасност поради климатските промени и уништувањето на шумите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?