Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тартуфите на Истра се во опасност поради климатските промени и уништувањето на шумите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тартуфите на Истра се во опасност поради климатските промени и уништувањето на шумите
Агровести

Тартуфите на Истра се во опасност поради климатските промени и уништувањето на шумите

Објавено 01/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Љубителите на тартуфи велат дека е потребна итна акција за заштита на нивното природно живеалиште. „Ловот“ на тартуфи во шумите на северозападна Хрватска е во опасност поради климатските промени и уништувањето на шумите.

Цената на белите тартуфи годинава се искачи на 2.500 евра за килограм. Зголемувањето на температурите и помалкуте врнежи предизвикани од климатските промени во комбинација со намалување на нивото на водата и губењето на живеалиштата, може да го загрозат природниот инкубатор кој е доста потребен за производство на оваа луксузна прехранбена состојка.

„Потешко е да се најдат тартуфи отколку да се продаваат“, се пожалил на француската агенција AFP Дарко Мужица, претседател на здружението Истарски Тарфуфар, група која води кампања за заштита на белите тартуфи на полуостровот.
Покрај климатските промени и намалените врнежи, Мужица вели дека лошото управување со шумите ја загрозило и идната берба на тартуфи, а државните власти и даваат предност на дрвната индустрија. Слично предупредување е издадено и во студијата од 2014 година.

Во делови од светот, продуктивноста на природните живеалишта на тартуфи опаѓа, што често се поврзува со климатските промени, но и со начините на експлоатација на почвата. Љубителите на тартуфи велат дека е потребна итна акција за заштита на нивното природно живеалиште.

„Од тоа ќе има корист целиот регион“, вели Иван Вукадиновиќ, еден од членовите на здружението на ловци на тартуфи.

Истра и понатаму е една од ретките области надвор од познатиот италијански регион Алба што може да произведе бели тартуфи со врвен квалитет благодарение на влажната клима и алкалната почва што на печурките за јадење им дава силна арома и оптимална густина.

Со надеж дека ќе ја заштити профитабилната трговија со тартуфи, локалното здружение на ловци на тартуфи започна кампања за „заштитена ознака на потекло“ на ЕУ.

Доколку биде одобрена, предлагачите велат дека сертификатот ќе помогне во подобро управување со шумите во регионот со запирање на нивното „ирационално уништување“, да се гарантира автентичноста на тартуфите и да помогне да се подигне свеста за напорите за нивно зачувување.

Извор: rtl.hr

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:тартуфи
Претходен напис Опаѓа нивото на реката Треска
Следен напис (Рецепт) Подгответе си домашна паштета од чварки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?