Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од ковид-19
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од ковид-19
Агровести

ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од ковид-19

Објавено 17/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Загадувањето на животната средина предизвикува поголем број смртни случаи во светот, отколку ковид-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Специјалниот известувач на ОН, Давид Бојд информира дека најмалку девет милиони предвремени смртни случаи се предизвикани од загадување или токсини во околината. Тој број е за двојно поголем од смртните случаи евидентирани во првите 18 месеци на пандемијата од ковид-19.

Во светот од болест поврзана со загадената околина, умира секој шести човек на планетата, што е 15 пати повеќе од бројот на смртни случаи од насилство, се истакнува во извештајот. Загадениот воздух најмногу придонесува за смрт. Во извештајот се проценува дека токму загадениот воздух предизвикува околу седум милиони смртни случаи во текот на една година. Најмногу смртни случаи поврзани со загадениот воздух, главно се евидентирани во земјите со ниски и со средни приходи. Таму, тој е одговорен за 90 отсто од смртните случаи кај популацијата.

Работниците кои се директно изложени на штетни материи се изложени на посебен ризик. Годишно умираат над 750.000 лица во оваа категорија.

Во извештајот се наведува и дека влијанието на загадената животна средина врз здравјето на човекот, е поврзано и со останатите еколошки кризи, како на пример, климатските промени и изумирање на биолошката разновидност.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:загаден воздух
Претходен напис Како да ги поттикнете кокошките да несат повеќе јајца во студените денови
Следен напис Ќе продолжи поддршката од три денари за оризова арпа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?