Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН: Дијалогот за житарките ќе продолжи, завршија разговорите со Русија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН: Дијалогот за житарките ќе продолжи, завршија разговорите со Русија
Агровести

ОН: Дијалогот за житарките ќе продолжи, завршија разговорите со Русија

Објавено 14/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неформалниот дијалог меѓу Обединетите нации и потписниците на Црноморскиот договор за жито ќе продолжи, изјави денеска портпарол на Обединетите нации, додавајќи дека разговорите со Русија за ова прашање се завршени.

– Разговорите завршија вчера како што беше договорено, но консултациите продолжуваат со сите страни, изјави портпаролот на хуманитарната канцеларија во Обединетите нации која ја води заменик-генералниот секретар на ОН Мартин Грифитс.

Грифитс и највисоката функционерка на ОН за трговија, Ребека Гринспен, се состанаа со главниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Сергеј Вершинин вчера во Женева, каде што рускиот претставник предложи продолжување за 60 дена, наместо за 120.

Тоа го потврди и заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко.

Тој рече дека е потврдено оти договорот е дел од пакетот и дека условот е да се исполнат сите ветувања дадени на руската страна.

Според Грушко, Руската Федерација ќе продолжи да бара отстранување на сите пречки за испорака на земјоделски производи на светските пазари.

Договорот потпишан на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива од три пристаништа на Црното Море, вклучително и Одеса.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул е одговорен за координација на движењето на бродовите.

Договорот истече на 18 ноември минатата година, но неговите услови вклучуваа автоматско продолжување од 120 дена доколку немаше забелешки од ниту една страна.

Самиот договор за жито е составен дел од пакетот, кој, меѓу другото, предвидува деблокирање на извозот на руска храна и ѓубрива.

Москва истакнува дека овој услов не бил исполнет и покрај уверувањата на ОН. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДијалоготжитаркиРусија
Претходен напис Надица и Верица Горгиеви: Нашиот животен стил посветен на здравиот живот и здравата исхрана нè поттикна да започнеме една успешна приказна наречена ChiaDia
Следен напис Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?