Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 проценти
Агровести

Цената на јајцата во ЕУ за една година во просек зголемени за 30 проценти

Објавено 14/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Цените на јајцата во Европската унија во јануари годинава биле во просек за 30 проценти повисоки во споредба со јануари 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.

Најголема годишна инфлација на цената на јајцата меѓу ЕУ земјите има во Чешка + 85  проценти, Унгарија + 80 отсто и Словачка од +79 проценти. Најмало, но сепак значително поскапување има во Германија и Луксембург по 18 проценти и Австрија +19 отсто.

Иако според различна методологија, кај нас, според Евростат, цената на јајцата во јануари 2023 година е зголемена за 26,7 проценти. Во земјите од регионот јајцата во јануари 2023 најмногу поскапеле во Црна Гора 60 проценти, 39 отсто во Албанија и 31,2 во Србија.  

Според Земјоделско пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, раст од 29,1 процент има кај најбараниот тип јајца од класа А, со големина Л од 6,15 денари просечна цена во 2021 година, на 7,94 денари просечна цена во 2022 година, додека кај М големината има раст од скоро 45 отсто и на пазарот во 2022 година се нуделе по цена од 7,42 отсто. Драстичен пораст на цените на јајцата има кај С големина од речиси 93 отсто, на кои просечната цена од 2,9 денари во 2021 година, пораснала на 5,59 денари во 2022 година.

Значителен раст на цените на храната во 2022 има на сите основните продукти. Според податоците на Евростат просечната цена на земјоделските производи на ниво на ЕУ меѓу 2021 и 2022 година е 24 проценти. Најголем раст има кај житарките + 45 проценти, јајцата +43 отсто и млекото +31 процент. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:еузголеменијајцатаЦена
Претходен напис ОН: Дијалогот за житарките ќе продолжи, завршија разговорите со Русија
Следен напис Од утре посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?