Веќе девет месеци на македонскиот пазар можат да се најдат вкусните и здрави сокови од брендот ChiaDia, една нова категорија чиа пијалаци кои не содржат конзерванси и адитиви. Зад овој бренд стојат двете млади и неуморни сестри Надица и Верица Горгиеви, со сосема различни карактери, но со иста амбиција за професионален развој и напредок, кои се пронајдоа на балансирана линија помеѓу креативноста и иновативноста за преземање на ризик и започнување на сопствен бизнис во делот на Food & Beverage секторот и успеаја да создадат една нова категорија чиа пијалаци на нашиот пазар. Агротим разговараше со младите девојки за почетоците, развојот, плановите за развој на брендот ChiaDia.

„Почетокот на нашата приказна е во Мексико каде што за прв пат пробавме чиа пијалак кој не
освои со уникатен вкус и специфичен спој од состојки. Многустраниот ефект резултираше со зголемена енергичност, ситост и виталност. Водени од мотивот за здраво тело – здрав дух кој соодвествува на нашиот healthy lifestyle, како и глобална ситуација со пандемијата и потребата од поголем избор на пијалаци базирани на природни состојки, решивме да создадеме енергетски природен чиа пијалак кој е различен од останатите пијалаци на пазарот со неговиот уникатен спој на состојки и функционални бенефити. Пред се поради што тоа што е без адитиви, конзерванси, вештачки бои и без додадени шеќери. Главна причина поради која се решивме да го создадеме токму овој тип на пијалак е затоа што основната состојка т.е бенефитите од чиа семето е јадрото на овој пијалак. Нашиот животен стил посветен на здравиот живот и здравата исхрана не поттикна да започнеме една приказна наречена ChiaDia. Се работи за нов и уникатен здрав пијалак на база на чиа семе, со четири различни вкусови, без шеќери и адитиви, наменет за сите потрошувачи кои се грижат за своето целокупно здравје. Создавањето на здрав и енергетски пијалак, за нас беше предизвик, особено во времето на пандемија со Ковид-19, кога сите имавме потреба од зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на физичкото здравје.“



За напредување на бизнисот, Надица и Верица се комплетно посветени како тим и поддржани од нивните родители.
„Целокупниот процес за создавање на природен, како и вкусен пијалак беше доста предизвикувачки и не доволно познат за нас. Најголем акцент посветивме на креирањето на вкусен пијалак кој нема да содржи конзерванси и адитиви, каде што околу една година се одвиваше процесот на креирање на формулата за да ја добиеме посакуваната рецептура, од страна на европски технолози и целосен тим на маркетинг, брендирање, и воспоставување на бренд идентитет, за сето тоа да резултира во sustainable, zero-waste & plastic-free компанија, водена од жена претприемач. Во бизнисот сме комплетно посветени како тим особено јас и мојата сестра, но сепак сме поддржани и од нашите родители. Пред се ние сме задолжени за усовршување и промовирање на производот од секој аспект. а од нашите родители ја имаме целосната поддршка. Секој член од семејството е инволвиран во различни сегменти, поконкретно нашата мајка е задолжена за економско-финанскискиот дел на бизнисот, додека татко ни за експанзија на производот.

Засега овошјето за соковите го набавуваат од увоз, но планираат да ја прошират палетата на своите производи со овошје од нашето поднебје.
„Овошјето како и останатите суровини што се содржани во нашите пијалаци се увозни од светски реномирани компании, што даваат исклучителен квалитет и специфичен вкус на самите пијалоци. Во план е проширување на палетата на производи со состојки т.е овошје од наше поднебје, со што ќе придонесеме кон отварање на нови работни места и искористување на природните ресурси кои нашата земја ги нуди. Со оглед на тоа што сме први на нашиот пазар, како и на Балканот за создавање на ваков тип на чиа пијалак, би можела да кажам дека создадовме една нова категорија на пијалаци. Иновативноста пред сè е во составот и функционалноста на пијалакот односно природните состојки кои ги содржи и со самото тоа што се појавиме на пазарот со clean-label, природен, здрав чиа пијалак кој дава енергија и ефикасност со редовна консумација. Сето ова потрошувачот го добива по пристапна цена.“

Со оглед на тоа што не се многу долго на пазарот, Горгиеви се многу задоволни од тоа како се одвива продажбата, како и од интересот на купувачите за соковите ChiaDia.
„Со моменталниот тек на продажба во овие 9 месеци сме повеќе од задоволни, пред се што консументите се интригирани да вкусат пијалак којшто им овозможува бенефити по здравјето и е различен од останатите. Иако генерално луѓето се скептични кога создаваат лојалност кон нов производ, полека свеста за консумирање на био производи се издигнува на повисоко ниво. Воедно станува збор за премиум производ, така што процесот е бавен, но секојдневните позитивни коментарии од нашите потрошувачи се огромен двигател за потанамошна надоградба кон градење на брендот.“
Нивните производи се достапни во Супер Тинекс маркетите во Скопје, на неколку бензински
пумпи, теретани, аптеки, продавници за здрава храна, како и низ повеќе локали во ХоРеКа
низ цела Македонија. Палетата на ChiaDia се состои од еден производ во четири различни вкуса од кои два се цитрусни и два се црвено овошје – лимета, јагода, лимон-ѓумбир, рибизла-мента.
Кои се бенефитите за здравјето од консумирање na Chia Dia?
„Нашиот енергетски пијалак е базиран на органско чиа семе во комбинација со различни цитрусни и црвени овошја, засладени со органски агаве сируп, без додаток на вештачки бои и шеќери. Потрошувачите ќе можат да изберат помеѓу четирите вида на чиа пијалак, црвена рибизла и мента, ѓумбир и лимон, јагода и лимета, во зависност од нивните преференции во поглед на вкус и ефектот кој сакат да го добијат.
Што се однесува до придобивките, тие се многубројни. Сакаме да истакнеме дека пијалакот придонесува за согорување на масти и брза апсорпција на хранливи материи, изобилува со протеини, диетални влакна, омега 3, витамин Ц, железо, калциум, калиум и сл. Пијалакот, а пред се чиа семето, според истажувањата овозможува целосна детоксикација на телото и го регулира крвниот притисок и работата на срцето. Овој пијалак е вегански и погоден за оние лица кои избегнуваат да користат производи со додадени шеќери.“, објаснија Надица и Верица.
Што се однесува до плановите за иднина, амбициозните сестри ни открија дека во план се нови типови на вкусови со цел да опфатат поголема маса на потрошувачи. Во блиска иднина, во план е и воведување на нови функционални компатибилни производи, како и сертификација како органски производи на веќе постоечките, експанзија во земјите на Балканот и комерцијализација на брендот.
ChiaDia е дел и од Алијансата на „Премиум производи“, во која се вклучени 18 мали производители, поддржани од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
