Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Агровести

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони

Објавено 16/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, подмладок со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на охридската пастрмка се повеќе од задоволителни. Во август и септември, како што посочи, сите риболовни зони на езерото биле порибени со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, што е за 1,6 тони повеќе од првично планираните 4,9 тони.

Во езерото годинава била внесена и посебна група од сто илјади поголеми единки охридска пастрмка од минатогодишниот мрест, со просечна тежина од 16 грама. Според Серафимовски, тоа е особено значајно за надоместување на пропуштеното во периодот од 2019 до 2023 година, кога имало пауза во вештачкиот мрест.

За продолжување на активностите за обновување на популацијата, потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт за следниот циклус на вештачки мрест и порибување во 2027 година, со нови 1.550.000 млади единки охридска пастрмка.

– Напредок има и во обновувањето на летната форма на охридската пастрмка. По 23 години од последниот вештачки мрест на оваа форма, експериментално е добиен подмладок кој успешно се одгледува и отвора можност за поинтензивно порибување, рече тој.

Покрај заштитата на охридската пастрмка, тој нагласи дека Министерството ги засилува и активностите за зачувување на јагулата, која е критично загрозен вид. Серафимовски посочи дека Владата за првпат усвоила Национален план за управување со јагулата, кој предвидува пуштање подмладок и обезбедување безбеден транспорт на сребрените јагули при нивното движење кон морето.

– Според планот, 40 проценти од утврдената годишна квота за лов на јагула во традиционалната рибарска замка „Далјан“, на Црн Дрим кај Струга, треба да бидат пренесени во морската средина. На тој начин јагулите ќе можат да го продолжат патот кон Саргасовото Море, избегнувајќи го минувањето низ турбините на хидроцентралите по течението на Црн Дрим – рече тој.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, во оваа прилика посочи дека нивните инспектори во соработка со рибочуварската служба од охридскиот регион и езерската гранична полиција вршат редовни контроли на Охридското Езеро, вклучително и на работата на концесионерите и почитувањето на договорните обврски.

– Од почетокот на 2026 година до денеска имаме спроведено вкупно 231 инспекциски надзор на Охридското Езеро, а за сторени прекршоци имаме издадено 21 платен налог, рече тој, притоа појаснувајќи дека од нив, четири платни налози се однесуваат на правни лица и нивните управители – додека останатите се издадени на физички лица.

Директорот посочи дека инспекторите активно се вклучени и во борбата против нелегалниот риболов, но нагласи дека за негово сузбивање е потребен координиран пристап на сите надлежни институции.

– Инспекторатот е само една алка во целиот синџир. Мора да поработиме и на подобрување на законската регулатива, односно на измена на прекршочните одредби, за да создадеме подобри услови за заштита на езерото и за понатамошно постапување – рече тој.

Спроведувањето на активностите и следењето на нивните ефекти ќе се одвиваат преку Хидробиолошкиот институт, со институционална поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

МИА

Може да ви се допадне

Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци
Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.10.2026 година
Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион
Таг:1.55 милиониохридска пастрмкаОхридското Езеропорибено
Претходен напис Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари
Следен напис Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?