Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Огревното дрво и пелетите сè поскапи – На Европа ѝ се заканува недостиг
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Огревното дрво и пелетите сè поскапи – На Европа ѝ се заканува недостиг
Шумарство и водостопанство

Огревното дрво и пелетите сè поскапи – На Европа ѝ се заканува недостиг

Објавено 29/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огревното дрво достигна рекордно високи цени. Европа се свртува кон оваа, за многумина, алтернативна енергија за да ја компензира загубата на природен гас од Русија и да ги намали зголемените трошоци.

Војната во Украина го потресе светскиот енергетски пазар. Според Бизнис инсајдер, цените се за 1.000 отсто повисоки од пред украинската криза, која ги погоди и цените на огревно дрво. Деновиве особено загрижува веста за истекување на руски гас на Северен тек и Северен тек 2.

Аналитичарите предвидуваат зголемување на сиромаштијата и националниот долг во комбинација со дополнителни негативни последици за животната средина.

Затоа, Европската Унија се стреми да обезбеди снабдување со енергија и ветува континуирана помош за да се компензира наглиот пораст на трошоците на потрошувачите.

Недостигот, како и стравот од раст на цените на другите енергетски извори, се интензивира во Франција, наведува Connexion. Добавувачите велат дека примаат до 100 повици дневно, а цените скокнале за 20 отсто од јуни поради големата побарувачка. Се стравува дека нема да има доволно за сите.

Зголемен е и бројот на домаќинства кои се греат на овој начин. Во својот извештај за 2019 година, дрвната групација CNDB наведе дека има помеѓу 7,5 и 8 милиони домаќинства кои имаат инсталирано извор за греење на огревно дрво и на пелети.

Во 2022 година, државната енергетска агенција ADEME објави дека владата има за цел 9,5 милиони домаќинства да користат енергија од дрво до 2023 година и 11,3 милиони до 2028 година.

Жерар Фелус, директор на Quality-bûches, рече дека цените на пелетите се тројно зголемени во последните шест месеци, а цените на суровото дрво се зголемиле за 20 проценти. Побарувачката започнала уште во јули.

„Нема повеќе залиха никаде, ги штедам моите залихи за лојални клиенти и се надевам дека ќе издржам до крајот на зимата“, вели Патрик Хелб, продавач во Мозел. Тој објасни дека метар кубен се продавал од 55 до 57 евра, а сега цената е од 60 до 65 евра.

Од 1 септември ќе стапи на сила промената на законот со која продавачите треба да им понудат на клиентите информации за ефикасноста на горивото, должината, количината и влажноста. Од септември 2023 година, трупците помали од два метри може да бидат само од суво дрво.

Овие промени се очекува да предизвикаат дополнителен недостиг во иднина, со оглед на тоа што се потребни меѓу 18 и 24 месеци за да се исушат целосно трупците и да бидат подготвени да се продадат за огревно дрво.

И во нашата земја има недостиг на дрва. Како што нè информираа од ЈП „Национални шуми“, во моментов дрва во нивните складишта нема, а на приватните складишта цената на огревното дрво е над 4.200 денари. Исто така има недостиг и на пелети, а од приватните фирми не знаат дали и кога ќе добијат нова тура.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
За прв пат ЈП Национални шуми влегува во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:дрва за огрев пелетинационални шуми
Претходен напис (ФОТО) Работни активности во расадникот „Мавровица“ на „Национални шуми“, каде што се произведуваат садници по контејнерски метод
Следен напис Ковачевски: Од идната година на глобално ниво може да се очекува и 50 проценти недостиг на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?