Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Од идната година на глобално ниво може да се очекува и 50 проценти недостиг на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Од идната година на глобално ниво може да се очекува и 50 проценти недостиг на храна
Агровести

Ковачевски: Од идната година на глобално ниво може да се очекува и 50 проценти недостиг на храна

Објавено 29/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека од идната година на глобално ниво може да се очекува 50 проценти недостиг на храна, што секако ќе се одрази и на цените.

– Идната година проблемот нема да биде цената на храната и логистиката за транспорт на храна, туку недостигот на храна. Гледајќи го движењето на ова што се случува на воено поле, гледајќи го недостигот на гас, а гасот е основен елемент за производство на вештачки ѓубрива, можно е недостиг на вештачки ѓубрива, а може да се очекува од идната година и 50 отсто недостиг на храна. И може да претпоставите што тоа ќе значи за Африка, делови од Азија и кај нас. Кај нас ќе има храна, но нејзината цена ќе биде енормно висока, рече Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеничката Даниела Николова од СДСМ.

Ковачевски образложи што презема Владата со цел да се зголеми производството на храна во државата.

– Прво веќе донесовме одлука за доделување државно земјиште заради зголемено производство на пченка, пченица, јачмен, значи стратешки култури. Мене ми е драго што имаше голем интерес на таа аукција каде наши граѓани изразија желба и го земаа земјиштето и почнаа со производство. Второ инвестиравме во зголемени субвенции преку интервентниот фонд кој е 900 милиони денари во однос на производство на стратешки земјоделски производи, веќе производството на сончоглед е дуплирано и така ќе продолжиме. Акцент ќе се стави на испорачување на земјоделски производи во домашни преработувачки капацитети. Сакаме кога ќе се инвестираат субвенции да имаме на крај зголемено производство на финална храна во државата и тоа е процес кој ќе се води во наредниот период, но со нов систем на субвенции од кој најзадоволни ќе бидат вистинските земјоделци, рече меѓудругото Ковачевски.

Додаде оти особено внимание било посветено и на лозаропроизводителите и на винариите. Наследивме во 2017 година, рече тој, еден огромен износ на неисплатени субвенции, а оваа година, како најкризна сите заостанати субвенции ќе бидат исплатени.

– Не може никој да каже дека цените на храната идната година ќе бидат пониски. Тоа тој што ќе го каже го кажува или од незнаење или го кажува за да може да манипулира. Со недостиг на вештачки ѓубрива, со 100 проценти зголемена цена на достапните вештачки ѓубрива, ако најдете, приносите ќе бидат помали цената ќе биде повисока. Основно е да произведеме ние она што е најнеопходно во државата и кое можеме самите да го направиме, заклучи Ковачевски, додавајќи оти цените растат бидејќи има недостиг на храна во Европа, зголемени цени на енергенси, транспорт итн.

Седницата за поставување пратенички прашања ќе продолжи по паузата, во 15 часот и 15 минути. 

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:ковачевскинедостиг
Претходен напис Огревното дрво и пелетите сè поскапи – На Европа ѝ се заканува недостиг
Следен напис Ковачевски: Субвенциите за земјоделците за 2023 година ќе се исплаќаат уште на почетокот на првиот квартал од годината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?