Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска официјално го најави новиот јавен повик за популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата. На претстојниот јавен повик кој ќе биде објавен во текот на четвртиот квартал од оваа година може да се аплицира за добивање на финансиска поддршка преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Финансиските средства се наменети за следните приоритетни сектори:
- Алтернативно земјоделско производство
- Преработка на алтернативни земјоделски производи
- Производство на храна и пијалаци
- Поддршка на занаетчиски активности
- Поддршка на услуги за руралното население, само следните подсектори:
- Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн.)
- Услуги за дневно згрижување на деца
- Поддршка на услуги во земјоделството, само следниот подсектор:
- Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби
- Поддршка на руралниот туризам
Јавниот повик ќе трае 45 дена сметано од денот на објавување во дневните весници.
Упатството за корисници на средства по Мерка 7 ќе биде ажурирано и објавено на официјалната веб страница на АФПЗРР во периодот до објавување на јавниот повик.
За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]