Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница: Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница: Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа
Агровести

Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница: Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа

Објавено 07/09/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница

Во текот на вчерашниот ден околу 18:30 часот избувна голем пожар во кој во целост изгоре еден производен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи во нашата главна кондиторска фабрика Винчини во Виница.

Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови кои сме ги доживеале. Најважно за сите нас е дека немаше човечки жртви – сите наши вработени се безбедно евакуирани како и дека нема жртви кај противпожарните служби кои храбро го гаснеа пожарот во текот на целата ноќ.

За жал, во текот на интервенцијата 12 лица беа хоспитализирани – 3 пожарникари и 9 наши вработени. Од нив, 8 вдишале чад, а 4 се со полесни изгореници. Денеска тим од Макпрогрес ги посети хоспитализираните во болниците во Кочани и Скопје и им посака брзо закрепнување.

На сите сили кои учествуваа во справувањето и гасењето на пожарот им упатуваме огромна благодарност за нивната храброст и пожртвуваност. Пожарот и после 27 часа од избувнувањето е сè уште активен на две места со помал интензитет и според надлежните служби нема ризик за дополнително проширување. Благодарност до сите институции, пожарникари од повеќе градови, доброволни пожарникари, медицински екипи, полиција, Црвен крст, Стопанската комора, бизнис заедницата, локалните власти, доброволците, граѓаните и сите кои на било кој начин дадоа свој придонес и помош. Во следните денови ќе упатиме посебни благодарности до сите кои учествуваа во интервенцијата.

Надлежните институции веќе работат на проценки за причините и последиците од пожарот. Причината за пожарот се истражува и апелираме да се почекаат официјалните известувања од надлежните органи.

Макпрогрес останува посветен на своите вработени, партнери и заедницата.

Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа.

На сите наши производи продажните цени ќе ги задржиме ниски и достапни за потрошувачите како и досега, а дополнително некои цени и ќе ги намалиме како би поттикнале поголема продажба. Заедно со Стопанската комора и сите ланци на маркети ќе направиме напори и ќе дадеме сè од себе да успееме, вработените да ги работно ангажираме со цел да ги задржиме работните места. На сите клиенти и потрошувачи им благодариме однапред за сета поддршка и солидарност.

Солидарноста која ја видовме вчера и денес уште еднаш потврди дека Македонија знае да застане заедно кога е најтешко.

Со секоја нова и значајна информација, јавноста ќе биде навремено информирана.

Со неизмерна благодарност и почит,

Глигор Цветанов

Александар Цветанов

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис (ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?