Одржувањето на почвата во овоштарниците е една од најважните агротехнички мерки од кои зависи растот и родноста на овошките. Одржувањето на површината се извршува со работни активности во меѓуредовиот простор, како и на просторот во редот. Површината во овошните насади во меѓуредовиот простор може да се одржува на повеќе начини:
–Јалов или црн угар. Со овој начин се врши обработка на почвата, со што се оневозможува појава на плевели во текот на целата година. Се изведува со длабоко есенско, плитко пролетно и неколку летни култивирања.
Есенската обработка се врши по берењето на плодовите и во услови на оптимална влажност на почвата, на длабочина од околу 20 см.
Пролетната обработка се изведува после зимската резидба на овошките.
Останатите пролетно-летни обработки се извршуваат по потреба, односно по појавата на плевели или после секое наводнување. Овој вид обработка се врши без превртување на почвата, со задолжително избегнување на употреба на фрези, бидејќи тие ја расипуваат структурата.
-Затревувањето на површината како начин на одржување на почвата во меѓуредовиот простор во последно време наоѓа се поголема примена и е препорачлив за реоните со поголема количина на врнежи (над 900 м.м.) или во случај кога има обезбедено доволно вода за наводнување. Со овој начин почвата се затревува со сеење на повеќегодишни класести треви или со смеси од класести и легуминозни растенија. Затревеното меѓуредие се коси повеќепати. Кај помладите насади по 4-5 години не се препорачува затревување на меѓуредовиот простор.
-Поткултури во овошните насади, како начин на одржување на меѓуредовиот простор е применливо во првите години по садењето на овошките, посебно во насадите со помал број овошки, но не и во густите. Најдобри култури се легуминозите кои се окопуваат грав, грашок, боранија и соја. Како поткултури можат да се одгледуваат и бостан, краставици, салата и зелка. Не е препорачливо сеидба на пченица, шеќерна репа, сончоглед, пченка и други жита.
Одржување на површината во редот во овошните насади се врши со обработка на почвата, употреба на хербициди и мулчирање.
–Обработката се врши рачно или механизирано со странични култиватори, на длабочина од 5-6 см, со цел да се уништат плевелите. Овој начин на одржување е најкорисен за овпшките, но и најскап во споредба со другите начини.
–Употребата на хербициди, како начин на одржување на просторот во редот, има за цел уништување на плевели. Од почвените хербициди кои ги уништуваат плевелите во фазата на ртење на семето или нивните ризоми, примена наоѓаат Симазин, Гоал и Трефлан. Во време на вегетацијата се применуваат контактните и системичните хербициди Устинекс, Паракват, Баста, Глифосат, Фјузилеид и др.
–Мулчирањето како начин на одржување претставува покривање на површината во редот со плева, окосена трева, пилевина од четинари, трула слама, лисје, комина, сончогледови стебла или црна пластична фолија. Со мулчирањето се задржува влагата во почвата, оневозможена е појавата на плевели, се подобрува микробиолошката активнпот, се зголемува содржината на хумус и хранливи материи, а паднатите плодови остануваат чисти. Недостиг на овој начин на одржување е појава на
глодари кои причинуваат штета на кората од овошките. Modern trading platforms are increasingly judged by how quickly they respond under pressure rather than how they look on a landing page. Ontarex reflects this shift with a browser-first approach that prioritizes fast navigation between tools and markets. Traders tend to focus on how smoothly the interface behaves when switching between charts and open positions during volatile conditions.
Дип.инг.агр. Стеван Стојковски, АПРЗ
