Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винаријата Стоби се закити со три златни медали и специјалната награда „Best of show“ на престижниот вински натпревар „Mundus Vini“ 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винаријата Стоби се закити со три златни медали и специјалната награда „Best of show“ на престижниот вински натпревар „Mundus Vini“ 2023 година
Агровести

Винаријата Стоби се закити со три златни медали и специјалната награда „Best of show“ на престижниот вински натпревар „Mundus Vini“ 2023 година

Објавено 03/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонската винарија, „Стоби“ освои награда “Best of Show” – награда за најдобро бело вино од Македонија и три златни медали на високо признатата 32-ра пролетна дегустација на „Мундус Вини“ 2023 во Германија. Ова најново достигнување е доказ за исклучителните винарски вештини, страста и посветеноста на Стоби за производство на извонредни вина.

Победничките вина се Вранец Селекшн 2020, Веритас 2017 и Мускат – Темјаника Македон 2021, како и специјалната награда за „Best of Show“ за бело вино зa Мускат –Темјаника Македон. Вранец е најпознатата сорта грозје од регионот, и е постојан победник, земајќи бројни награди и златни медали од најголемите светски вински натпревари. Квалитетот на вината на Стоби е препознаен и награден од некои од најпрестижните светски експерти за вино.

„Чест и задоволство ни претставува што ги добивме овие златни награди, како и за специјалната награда за најдобро бело вино од Македонија, а со тоа се потврдува дека виното на Стоби е престижно вино рамо до рамо со останатите кои се натпреварувавме на овој вински натпревар. Тоа е доказ за напорната работа на нашиот тим, кој се труди да произведува вина со највисок квалитет кои ја претставуваат Македонија во светот. Винаријата Стоби е посветена на зачувување и промовирање на винарското наследство на Македонија преку производство на одлични вина кои ги отелотворуваат уникатните карактеристики на регионот. Успехот на винаријата помогна да се стави Македонија на мапата како земја за производство на вино од светска класа.“, велат од винарија „Стоби“.

Пролетната дегустација на „Мундис Вини“ е еден од најзначајните светски вински натпревари, со над 11.000 винарии од целиот свет. Вината ги оценуваат меѓународни експерти, поточно врвни енолози, сомелиери, винари, новинари, врз основа на нивниот вкус, арома, изглед и севкупен квалитет. Натпреварот се одржува двапати годишно од 2001 година и го организира Мајнингер Верлаг, водечка германска издавачка куќа за вино. Целта на натпреварот е да го промовира квалитетот и разновидноста на вината од целиот свет и да им обезбеди на потрошувачите насоки при изборот на најдобрите вина.

Изминататите 13 години винарницата Стоби осовјува награди од најпрестижните светски вински натпревари како „Decanter“, „Mundus Vini“ во Германија, Concours Mondial De Bruxelles и многу други.

Винарницата Стоби се наоѓа во Тиквешкиот регион, кој е познат по своите идеални климатски и почвени услови за одгледување грозје. Лозовите насади на винаријата зафаќаат над 500 хектари и тие годишно произведуваат 4,5 милиони литри високо квалитетно вино, од кои освен на домашен пазар, 76 проценти се наменети за извоз во регионот и светот, во европските држави Холандија, Данска, Белгија, но и во Кина, Сад и Русија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:стоби винарија
Претходен напис Февруари просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности
Следен напис Одржување на површината во овошните насади – Затревување, мулчирање, употреба на хербициди…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?