Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Одгледувањето домати е вистински предизвик – Навременото сеење и изборот на сортата влијаат на квалитетот на плодот


Со големиот број сорти и хибриди кои се разликуваат по боја, форма и вкус, доматите ја стекнаа наклоноста од многу градинари. Одгледувањето домат е вистински предизвик бидејќи плодовите се карактеризираат со различен степен на сладкост.

Покрај правилниот избор на сорта, на вкусот на доматите влијаат и разни надворешни фактори како што се типот на почвата, сонцето, влажноста, температурата, снабдувањето со хранливи материи, појавата на растителни болести, нападот на штетниците.

Навременото сеење влијае на квалитетот на доматот

Треба да се внимава при изборот на семето. Некои сорти даваат послатки плодови. Колку е поголем плодот, толку е помала неговата сладкост. Ако сакате да изберете сорти и хибриди кои се карактеризираат со поголем интензитет на сладкост и специфична арома, изберете ги оние со помал плод или чери-доматите.
Треба да се внимава семето да биде прилагодено на постоечката микроклима. Сортите од другите климатски области може да не бидат прилагодени на агро-климатските услови во одредено поднебје.

Друг важен фактор е времето на сеење. Доматот се сее во затворено и топло место. На овој начин, на растенијата ќе им се овозможи во услови на постоечка клима да формираат плодови што ќе дозреат. Засадувањето на негуваниот расад се врши кога ќе помине опасноста од доцни мразови.

Прихрана богата со калиум

Посевите со домати се голем потрошувач на хранливи материи, особено калиум во текот на формирање на плодовите. При садењето и одгледувањето на доматите обезбедете доволно хранливи материи во почвата, особено органски. Во периодот на дозревање, прихраната дополнете ја со хранливи материи богати со калиум. Прилагодете го наводнувањето на состојбата во текот на периодот на вегетација.

И плодовите се чувствителни на промените во содржината на влага во почвата. Кога по сушен период паѓа силен дожд или обилно наводнуваме, честопати се случува поради наглото навлегување на водата да се појави пукање на површината. Настанатите пукнатини се идеални за појава на разни болести или напад на штетници, што доведува до послаб квалитет на зеленчукот. Поради оваа причина, важно е снабдувањето со вода да биде избалансирано.

Ни вишокот влага во почвата не влијае поволно на наведените особини. Тогаш плодовите стануваат воденести, а квалитетот и вкусот се полоши.

Некои растителни видови засадени покрај доматот позитивно влијаат на неговиот вкус. Покрај доматот засадете босилек за подобрување на вкусот на овој зеленчук.

Заштитата на посевите со домати исто така игра важна улога. Доматите што растат на сончево место даваат послатки и поквалитетни плодови. Највкусни се доматите произведени на природен начин, каде заштитата се врши со примена на биолошки препарати и редовно спроведување на превентивни мерки.

Најголемиот непријател на добриот вкус на доматот е појавата на пламеница, затоа треба да се обрне внимание на превентивните и заштитните мерки од моментот кога ќе почнеме да сееме до берењето, пренесува Агроклуб.

Мар 1, 2023agrotim3
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд12 мали семејни винарии од Македонија се претставија на саемот во Болоња

Напишете коментар Откажи одговор

01/03/2023 Растително производстводомат, сорта288

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019