Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на пастрмка – 6 основни чекори за правење на рибник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Одгледување на пастрмка – 6 основни чекори за правење на рибник
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Одгледување на пастрмка – 6 основни чекори за правење на рибник

Објавено 20/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се направи рибник и да се одгледува пастрмка е навистина сериозна работа. За да се напави тоа мора да се знаат основните чекори и само така одгледувањето на пастрмка може да биде исплатливо. Дипл. Инж. Дејан Спасиќ од Земјоделската советодавна и стручна служба на Србија, советува дека пред да се донесе одлука за одгледување на пастрмка за комерцијални цели потребно е да се посвети внимние на некои одредени работи:

1. Многу е важно производителите да бидат запознаени со основните карактеристики на калифорниската пастрмка. Односно треба да знаат кои услови се погодни за одгледување на оваа риба. Почнувајќи од температурата на водата, исхраната и останатите важни информации за да може ова производство да биде успешно.

2. Треба да се направи вистински избор на локација за поставување на рибникот. За тоа треба да се истражува подолго време и секако да се познаваат самите карактеристики на рибата. Исто така треба да се води сметка за економската вредност на подигнатиот рибник. Мора предвреме да се пресмета колку ќе кошта правењето на сите посебни делови кој треба да ги има рибникот во кој ќе се чуваат рибите во различен период од нивната старост.

 3.Важно е детално да се провери квалитетот на водата која ќе се користи во рибникот. Тоа е многу важен чекор при подигнувањето на рибникот, бидејќи од тоа зависи преживувањето на одреден вид на риби.

 4.Потребно е да се направат одредени истражувања пред да се започне со изградба на рибникот.

5.Мора да се донеси вистинска одлука за големината на рибникот. Треба да се биде рационален околу тоа и да се има направено детална пресметка. Нема да имате никаква корист ако подигнете голем рибник, а покасно да не можетеда ги вратите тие пари.

6.Потребно е рибникот да го изградите во согласност со прописите и техничко-технолошките нормативи, со сите потребни дополнителни објекти.

Совети за одгледување на пастрмката

Кога ќе се заврши со сите овие активности, сепак не би требало да се започне со одгледување на пастрмка пред детално да се запознаете со самиот процес.

Најпрво мора да ги обезбедите сите потребни микроклиматски услови во базенот или во базените ако ги имате повеќе.

  • Пастрмките треба да се хранат во согласност со препораките и нормативите. Стручњаците препорачуваат готови смеси кои се најдобар вид на исхрана за оваа риба.
  • Се подразбира дека е потребно да се обезбеди и неопходната опрема за овој вид на рибник.
  • Мора редовно да се контролира составот и квалитетот на водата како и здравствената состојба на рибите.
  • Потребно е да се применуваат сите превентивни мерки.

Сепак, пред  почетокот на било која активност околу овој бизнис, Дипл. Инж.Дејан Савиќ советува дека треба да се направи пресметка на трошоците поврзани со сите активности неопходни за изградба на рибник и одгледување на риби. Само така ќе може точно да се утврди колку е оваа работа исплатлива и перспективна.

Извор: Агромедија.рс

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:одгледување на рибипастрмкарибирибник
Претходен напис Чистењето на Црн Дрим го нарушува биодиверзитетот, но нема да влијае негативно
Следен напис Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните
1 коментар 1 коментар
  • Fejzulla напиша:
    на 14/10/2021 г. во 21:26 часот

    Odlicna preporuka
    Pri odlluçuvanje na izgradba na vakov ribnik Baram struçna sovet
    Za tehniçka izvedba .kogo mozham da kontaktiram

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?