Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните
Агровести

Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните

Објавено 20/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германски компании се заинтересирани за отворање фабрики во земјава идната година, а оние што се веќе тука присутни, по КОВИД кризата планираат зголемување на инвестициите, па дури и удвојување, соопштија по денешната средба министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Германското стопанство, Патрик Мартенс.

Бектеши го информирал Мартенс за четвртиот пакет економски мерки, но и за подготвеноста, како што рече, државата да им излезе во пресрет на компаниите, посебно во делот на законодавството. Целта е отворање нови работни места и задржување на конкурентноста во време на пандемија.

Според Мартенс, германските инвеститори во земјава размислуваат за нови вработувања и за проширување на вложувањата.

-Компаниите минуваат низ тежок период поради корона пандемијата и се соочуваат со огромна промена во структурата на работењето. Трговската размена меѓу Северна Македонија и Германија пред кризата ги сруши рекордите, достигнувајќи 4,4 милијарди евра, но сега доживува невиден пад. Никој не е сигурен кога сето ова ќе заврши и колку ќе трае, но сепак добиваме позитивни сигнали од германските компании. Тие сметаат дека ако и по КОВИД-от во државава останат добрите услови како сега, ќе ги прошират инвестициите, а има најави и за нови вложувања, истакна Мартенс.

Според министерот Бектеши, се разгледуваат сите опции да им се излезе во пресрет на компаниите. За речиси секое барање во однос на измените на Законот за царини за кои најмногу е зантересирана автомобилската индустрија, се подготвува економска оправданост, а процедурите покажуваат дека треба да се добие и позитивно мислење од Министерството за финансии.

-На средбата разменивме мислења како компаниите да останат конкурентни и во време на пандемија, да донесеме што подобри мерки во таа насока. Го чекаме усвојувањето на ребалансот за да почне имплементацијата на предвидените мерки, рече Бектеши.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешигермански инвестицииМартенснов инвестиции
Претходен напис Одгледување на пастрмка – 6 основни чекори за правење на рибник
Следен напис Жетвата на оризот е во тек, земјоделците задоволни од родот и квалитетот, очекуваат повисока откупна цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?