Одгледувањето на краставици на бали слама поволно делува на топлотниот режим не само во зоната на кореновиот систем, туку и на внатрешниот простор на објектот.
Производството може да започне многу порано. Освен тоа намалена е опасноста од рана појава на овенување на кореновиот систем кој подоцна доаѓа во контакт со евентуално заразено земјиште.
Засенувањето на објектот или покривање на непроѕирни прекривки во време на високи температури на воздухот (над 35 ºC во објектот) е задолжителна мерката на нега.
Зголемувањето на концентрацијата на јаглен диоксид во приземниот слој на воздухот до 0,42 зафатени проценти ја поттикнува фотосинтезата.
Приносот може да се зголеми и до 2,5 пати.
За одгледување можете да користите бали слама со тежина од 15-25 кг. На таква бала растенијата можат да растат повеќе месеци. Искуството покажало дека сламата од пченица е најдобра.
Потребно е при набавување на сламата да обрнете внимание на тоа целата да е сува. Ако сламата не е рамномерно сува, биохемиските процеси што се одвиваат при распаѓање на сламата нема да бидат изедначени, што не е пожелно.
Освен тоа, сламата мора да потекнува од растенија кои не биле третирани со никакви хербициди. Тоа е важно затоа што и мали количини (резидуи) хербициди штетно ќе делуваат на идните растенија краставици од стакленик.
Извор: agrosavjet.com
