Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера телефонски разговарал со претседателот на Исламската Република Иран Ебрахим Раиси за билатералните односи и развојот на економската соработка, особено во областа на земјоделството и трговијата, како и во оние домени каде што има реални можности и заеднички интерес.
Вучиќ ги издвоил областите со големи и недоволно искористени можности за соработка, како што се земјоделството и прехранбената индустрија, но и градежништвото, рударството и енергетиката.
Тој побарал од иранскиот претседател договор за долгорочно снабдување на Србија со азотно ѓубриво, што ќе обезбеди стабилност за српското земјоделство во однос на еден од најважните елементи за понатамошен развој на оваа индустрија, што иранскиот претседател го прифатил, пренесува Agronews.
Договорено е разговорите и конечниот договор на оваа тема да продолжат на експертско ниво.
Соговорниците како некои од клучните дополнителни точки за можна соработка ја истакнале трговијата со производи како пченка и други житни култури и говедско и телешко месо, како и пласман на српски семиња и семенски материјал, а разговарале и за потенцијалот за заеднички инвестиции во производството на маеханизација и добиточна храна.
