Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на Ајсберг салата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Одгледување на Ајсберг салата
Растително производство

Одгледување на Ајсберг салата

Објавено 15/11/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Салатата спаѓа во групата на растенија со многу краток период на вегетација. Може да се произведува на различни начини и во сите периоди: рано производство во пластеници, летно производство и есенско-зимско производство (заштитен простор). Во однос на технологијата на производство спаѓа во групата на зеленчуци кои се одгледуваат на пониски температури. Оптимална температура на поникнување е 18 степени Целзиусови, а после тоа температурата се намалува на 12-15 степени Целзиусови. На пониски температури (5- 10 степени Целзиусови), вегатацијата може да трае и до 90 дена после расадувањето, а на повисоки температури од 25-30 степени Целзиусови, вегетацијата се скратува и до 20 дена од расадувањето. Ајсберг салатата е растение на долг ден, и за формирање на густа розета односно цврста главица бара доста светлина. Новите селекционирани сорти на ајсберг салата поднесуваат послабо осветлување и пократок ден, поточно услови какви што се во текот во зимскиот период.

Многу важно е при изборот да се внимава која сорта треба да се произведува, бидејќи ако се работи за сорта на долг ден, а се одгледува во периоди со слабо осветлување и краток ден, може да дојде до предвремено цветање и неформирање на цврста глава, а со тоа и големи загуби во производството. Ајсберг салатата не бара големи количини вода за одгледување, и секогаш треба да има постојана и умерена влажност. Високата релативна влажност на воздухот преку 80%, може да предизвика појава на разни болести, па затоа е потребно проветрување. Бара лесни песокливи и пропустливи почви. Од големо значење е да биде почвата обезбедена со храна во површинскиот дел поради краткиот дел на вегетација. Семето на ајсберг салатата се сее на длабочина од 10 мм. во палети, а се расадува на стално место на растојание 30х30 см или 9-10 растенија во м2 .

Основната обработка е од големо значење за ајсберг салатата. Ајсберг салатата како и другите типови на салати бара длабока обработка на почвата, која има за задача потполно да ги отстрани растителните остатоци од претходната култура. Пред сеидбата површината во пластеникот мора да биде израмнета, а потоа добро да се исфрезира. Ајсберг салатата спаѓа во видот на зеленчуци кои бараат доста калиум во почвата, а исто така треба да биде застапен и калциумот, бидејќи делува на намалувањето од појавата на пропаѓање на лисјата. При избалансиран однос на К/Ca, се постигнува поголема отпорност од појавата на болести и штетници и подобар пораст на растенијата. Од органските ѓубрива се користат гранулирани ѓубрива во количина од 50-150 гр./м2 во заштитен простор, и се изведува рачно, а времето на примена треба да биде после основната обработка, односно предсеидбената подготовка на почвата. Минералните ѓубрива се употрбуваат со претходно извршена агрохемиска анализа.

Основно ѓубрење се врши со NPK во однос 1:2:3 30-50 гр/м2 . Прво прихранување кое се врши по расадувањето и второ во формирање на розета се врши со NPK 1:1:2, 20 гр /м2 Во најголем број случаи салатата се прихранува преку систем капка по капка, или преку распрскувачи. Количините на хранливи елементи по фази треба да се распоредат на 3-5 наводнувања. Како што спомнавме, наводнувањето се врши по системот капка по капка, но бидејќи се работи за лиснат зеленчук, треба да се применува и оросување во комбинација со системот капка по капка. Не смее да се дозволи недостаток на вода и да дојде до засушување на коренот, бидејќи стопирањето на развојот кај ајсберг салатата многу тешко може да се врати повторно во нормален пораст.

Најчести појави на заболувања кај салатите се: пламеница, бело гниење и сиво гниење. Се користат заштитни средства со многу кратка каренца и тоа од 3-14 дена. Од штетниците кои се јавуваат кај салатите се : лисни вошки, трипс, црвена зелкова совица, памукова совица.

Бербата на ајсберг салатата се врши со отсекување на цела глава (розета) во основата на стеблото. Потоа салатата се зема во рака и се отстрануваат долните листови кои се оштетени или застарени. Таквата ајсберг салата е спремна за пакување. Се пакува во картонска амбалажа посебно секоја глава во специјална фолија која не дозволува брзо испарување на влагата од лисјата. Во кутијата се редат 10-12 парчиња. Така пакуваната салата се чува и транспортира на пониска температура, а со тоа не се дозволува испарување на влагата. Во такви услови на чување и транспорт салатата не ја губи свежината од 7-10 дена. Таквиот тип на салата кај нас е слабо застапен, но согледувајќи ги доста позитивните особини во исхраната и начинот на одгледување, заслужува значително внимание и ширење на површините под ајсберг салата.

Дипл. инг. агр. Стојан Глигоров, АПРЗ

Може да ви се допадне

Салата со пилешко
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:АјсбергОдгледувањесалата
Претходен напис За викендот стабилно време со студени утра
Следен напис Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?