Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка
АгровестиАгросектор

Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка

Објавено 15/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компанијата Вива, водечкиот производител на природни сокови во Македонија, посветена е не само на создавање на висококвалитетни производи, туку и на поддршка за локалните земјоделци и сопствена преработка на свежо овошје и зеленчук во погоните на фабриката. Во периодот на откуп на јаболка, што трае околу еден месец, компанијата откупува и преработува близу 1500 тони преспански јаболка од сортите ајдарет, златен и црвен делишес. Компанијата континуирано се стреми за обезбедување на квалитетна суровина за своето производство, но во исто време придонесува и за одржливоста и просперитетот на локалното земјоделство.

„Нашата стратегија е базирана на користењето квалитетни суровини за производство и обезбедување  врвен квалитет на сите производи. Покрај јаболката, и понатаму ќе се стремиме да преработуваме овошје и зеленчук од македонско поднебје, како што се капини, малини, вишни, праски и домати”, истакнуваат од Вива.

Од 2017 година, Вива располага со сопствени преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, овозможувајќи целосен процес на производство, од откуп и преработка на свежи плодови, до финален производ. Во текот на производството, овошјето внимателно се селектира и преработува со користење на најмодерна технологија, со цел зачувување на сите хранливи својства, како на јаболката, така и на другите видови овошје и зеленчук. Дополнително, производите поминуваат низ строга контрола на квалитетот во современа хемиска и микробиолошка лабораторија пред да бидат пуштени во продажба.

Преработеното овошје наоѓа своја примена во широк спектар производи под брендот Вива, првенствено во производството на висококвалитетни сокови и смутиња. Исто така, компанијата врши продажба на големо и извоз на јаболкова каша и пире за други производители на детска храна, сокови и кондиторски производи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вивајаболкаоткуп
Претходен напис Одгледување на Ајсберг салата
Следен напис На стартот на откупот на тутунот заменик министерот Ристески во посета на Тутунски комбинат Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?