Тиквата (Cucurbita) е корисно овошје, содржи многу каротен и други корисни елементи неопходни за организмот. Ако знаете каде и како да ја чувате, можете да ја јадете во текот на целата година.
Тиквата е растение кое бара многу сонце и топлина, особено во првите фази од вегетативниот развој на растението. При ниски температури во овој период од развојот, целосно се уништуваат насадите. Времето на садење зависи како се одгледува, дали преку садници или преку семенски материјал.
Во регионот со доцна пролет и кратко лето тиквите се одгледуваат преку садници за да се заштитат садниците од замрзнување. Потребни се 5 до 7 дена за р’тење на семето и уште околу еден месец за формирање на лисјата. Секое семе мора да се сади во посебен сад бидејќи тиквата не толерира пресадување. Самите садници треба да се засадат навремено, во спротивно постои ризик од оштетување или премногу развиени корени.

Во јужните региони климата им овозможува на градинарите да садат тикви со семенски материјал. Земјата треба да е добро загреана и да нема ризик од појава на мраз. Оптималната температура за успешно р’тење на семето е од 20 до 23 степени.
Тиквата спаѓа во оние култури кои остануваат и се берат последни од градината. И покрај фактот дека нејзините садници се доста отпорни на мраз, самите плодови се прилично осетливи на ниски температури.
Ако тиквата ја фати мраз, таа подоцна станува несоодветна за чување , па затоа се препорачува навремена берба на тиквата во есен.
Како знаеме дека тиквата е зрела за берба?
Времето на зреењето зависи од сортата на тиквата како и од морфолошките карактеристики на растението.
Во зависност од времето на зреење, постојат повеќе видови:
-Тикви со рано зреење кои се берат во август бидејкќи имаат најмал период на зреење од 3,5 месеци и мора да се искористи во рок од 1 месец.
Малку покасно во месец септември, се собираат тиквите од средната сезона кои зреат во рок од 4 месеци и се користат за потрошувачка во наредните 2 месеци.
-За зимскиот период се користат сорти со доцно зреење кои имаат дебела кора.
Тие се берат на крајот на септември и ја достигнуваат својата зрелост за време на складирањето до 2 месеци по бербата.
Во зависност од регионот и климатските услови , дозволена е одредена промена за бербата. Па така на југ каде првите мразови доаѓаат подоцна, тиквата може подоцна да се собере. Секако треба да се почитува правилото, а тоа е дека тиквата треба да се складира до појавата на првиот мраз.
Постојат повеќе знаци дека тиквата е зрела: Стеблото на тиквата е суво и цврсто, лисјата се жолти и делумно или целосно се суви, бојата на тиквата е посветла, кората е доста цврста и е отпорена на механички удари, даваат карактеристичен одѕвон при удар со прст. При берба треба да се внимава за да не дојде до оштетување бидејќи со тек на времето може да изгние одвнатре кога е складирана. Се чуваат на суво и ладно место.
Основни услови за складирање на тиквата
Пред да се складираат препорачливо е тиквите да се чуваат во просторија со влажност од 90 % и температура до 28 степени. Во вакви услови животните процеси ќе се забават што дополнително ќе помогне во складирањето. Оптималната темпертаура за складирање на тиквата е од 3 до 15 степени, со влага не поголема од 80 %.
Најдобро место за складиртање на тиквите се подрумските простории. Просторијата треба да е сува и чиста, да има полици, ако не на подот треба да се постеле хатија (картон).
Тиквите не се редат едни врз други, туку на мало растојание едни од други со дршките нагоре. Повремено треба да се провери состојбата на тиквите и ако на некоја има траги од гниење, веднаш да се острани.

Тиквата е овошје без кое не може да се замисли есенската сезона, било да се консумира печена, варена или како дел од некој десерт. Тиквата брзо заситува и има многу малку калории, содржи бета каротен, витамин А и магнезиум. Некои луѓе при чистење прават голема грешка фрлајќи ги семките. Тие се полни со витамини, содржат влакна, делуваат како антиоксиданси и се природен извор на протеини, витамини и минерали како и одличен извор на цинк.
АПРЗ РЕ Скопје
Дипл. инг. агр. Владимир Пинзовски
