Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лазов: Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна, максимум 2,50 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Лазов: Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна, максимум 2,50 евра
Агровест

Лазов: Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна, максимум 2,50 евра

Објавено 20/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи. ​Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и оваа цена ќе се задржи, особено по празниците, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев” во Велес, Горан Лазов.

-Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот – истакна Лазов по средбата со министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски кои ја посетија фабриката.

Според Лазов, во Бугарија цената на зејтинот е 180 денари или шест лева, а во Грција околу четири евра.

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот нагласи дека има и доволно суровина. Во континуитет се вршат набавки од Бугарија.

Лазов изрази надеж дека на македонските земјоделски површини сончогледот повторно ќе се врати.

-Порано произведувавме околу 40 000 тони сончоглед, а лани откупивме помалку од 4 000 тони. Тоа е само 10 отсто од она што сме го имале како држава, подвлече Лазов.

Годишно капацитетот на фабриката „Благој Ѓорев” е 40 000 тони сончоглед, а може да се складираат 16 000 тони сурово масло.

-Ако се зголемат површините, ќе го откупиме целото производство, нема да оставиме ниту едно зрно неоткупено, истакна директорот, пренесе МИА.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:горан лазовкристал
Претходен напис Бектеши и Николовски уверуваат дека сончоглед и зејтин има
Следен напис АФПЗРР објави нов јавен повик за набавка на ТРАКТОРИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?