Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од јануари нема да се плаќа акциза за домашните производители на ракија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од јануари нема да се плаќа акциза за домашните производители на ракија
Агровести

Од јануари нема да се плаќа акциза за домашните производители на ракија

Објавено 30/10/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

МЗШВ изминатите две и пол години интенивно работи на воведување мерки за развој на лозарството во земјава, а деновиве од таму информираа дека со измените на Законот за акцизи кои ќе стапат на сила од 1- ви јануари идната година ќе се овозможат бројни поволнисти за производителите на ракија.

Дозволената максимална количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45 %. Во првата година од примена на овој закон ,производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, втората година акцизата ќе изнесува 10 денари, во 2022 година таа ќе чини 20 денари и во 2023 година 30 денари. Исто така новото законско решение овозможува на малите производители легално да произведуваат и да продаваат ракија,да развијат свој сопствен бренд, кој пак ќе придонесе за афирмација на руралниот и винскиот туризам.

Исто така во финална фаза е носењето на измените и Законот за вино, каде на малите семејни винарници им се олеснуваат условите за производство, со воведување на нови вински производи со што ќе се придонесе и за поголеми приходи на винарииите и за лозарите, зголемен извоз на вино и девизен прилив.

Преку мерките од Програмата за директни плаќања 2019, се овозможува повисоки субвенции за 20 отсто за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал. Со новата мерка за субвенционирано гориво за земјоделската механизација, лозарите ќе имаат порентабилно производство, бидејќи државата покрива 30 отсто од трошоците за гориво. Лозарите ги имаат на располагање и мерките од ИПАРД 2 програмата кои овозможуваат кофинансирање на трошоците за изградба или реконструкција на винарници, како и за набавка на опрема, што е доста важно за модернизација на производството.

Ваквата вест пријатно ги изненади лозарите кои велат дека сакаат да се воведе ред во оваа област но исто така посочуваат и на фактот дека ракијата како наш домашен бренд заслужува внимание. Ние важиме за една од земјите која има големи површини засадени со лозје и илјадници години искуство во варењето на ракија а сеуште не сме ја обележале ракијата како наш национален бренд .

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:акцизаИпардлозаримеркапрограмаракија
Претходен напис УХМР: Агро метео
Следен напис Започна со работа АГРОТИМ – специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?