Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од фармата на семејството Фејзула во Тетово, Хоџа: Зголемувањето на домашното производство останува приоритет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од фармата на семејството Фејзула во Тетово, Хоџа: Зголемувањето на домашното производство останува приоритет
Агровести

Од фармата на семејството Фејзула во Тетово, Хоџа: Зголемувањето на домашното производство останува приоритет

Објавено 15/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, оствари работна посета на фармата на семејството Фејзула во Тетово, каде одблиску се запозна со разновидните земјоделски и сточарски активности што се реализираат на ова семејно стопанство.

За време на посетата беа презентирани производствените капацитети и инвестициите реализирани низ годините, а се разговараше и за можностите што ги нудат програмите за поддршка на понатамошниот развој на семејните фарми.

Хоџа истакна дека семејните фарми имаат значајна улога во зголемувањето на домашното производство и развојот на руралните средини, нагласувајќи дека институциите треба да бидат на терен и во постојана комуникација со земјоделците.

„Преку мерките за поддршка и инвестициите во земјоделството, продолжуваме да го зајакнуваме домашното производство, да ги поддржуваме инвестициите во фармите и да создаваме повеќе можности за младите кои сакаат да се занимаваат со земјоделство“, изјави Хоџа.

Тој додаде дека зголемувањето на домашното производство останува еден од главните приоритети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На крајот од посетата, Хоџа му се заблагодари на семејството Фејзула за гостопримството и придонесот во развојот на домашното земјоделство.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Цените на дизелот и бензинот во ЕУ рушат рекорди: Највисоки во последните 20 години
Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
(ВИДЕО) Серафимовски: Ќе се зголеми извозот на црвена пиперка, имаме побарувачка од Бугарија, Србија и Босна
Таг:приоритетПроизводствоТетовоФејзула
Претходен напис Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Следен напис Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на ЗБ6 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?