Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна
Агровести

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Објавено 12/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Европската Унија од денеска на сила се новите регулативи за амбалажа и амбалажен отпад, а една од најзначајните промени се однесува на таканаречените PFAS-соединенија во амбалажата за храна.

Промената особено ќе влијае врз амбалажата што потрошувачите секојдневно ја добиваат со храната за носење, како што се кутиите за хамбургери и помфрит, кесите за ќебапи и хартијата за пекарски производи. Соединенијата PFAS се користат во таквата амбалажа заради нивната отпорност на  вода и маснотии, односно својството на амбалажата да не дозволува маснотијата и влагата брзо да навлезат во хартијата или картонот.

Според новите правила, од денеска на пазарот на целата територија на ЕУ не смее да се става амбалажа за храна што содржи PFAS во концентрации еднакви или повисоки од пропишаните граници. За поединечни PFAS-соединенија границата е 25 ppb, за збирот на целно анализираните PFAS-соединенија 250 ppb, додека за вкупната содржина на PFAS, вклучително и полимерните PFAS, границата е 50 ppm.

Германските организации за заштита на потрошувачите оценуваат дека маргините се поставени толку ниско што намерната употреба на PFAS во таквата амбалажа во практика е речиси исклучена.

Потрошувачите не треба да преземаат никакви мерки, а усогласеноста со правилата треба да ја обезбедат производителите, увозниците и другите учесници во синџирот на снабдување.

Амбалажата што веќе била ставена на пазарот на ЕУ пред 12 август не мора да се повлекува. Новите ограничувања се однесуваат на амбалажата што од денеска првпат излегува на пазарот.

PFAS е кратенка што се користи за именување неколку илјади синтетички хемикалии што се користат поради нивното својство да одбиваат или се отпорни на вода, маснотии и дамки. Познати се и како „вечни хемикалии“ бидејќи се многу постојани и како такви можат долго се задржуваат во животната средина.

Европските правила особено ја издвојуваат амбалажата за храна како важен извор на можна изложеност. Во образложението на Регулативата се наведува дека PFAS од материјалите што доаѓаат во контакт со храна може да доведат до изложеност на луѓето на тие соединенија, а нивната постојаност и утврдените ефекти на одредени PFAS претставуваат ризик за животната средина и здравјето.

Новите правила се дел од пошироката реформа на амбалажата во Европската Унија, чија цел е намалување на количината на амбалажен отпад, зголемување на повторната употреба и рециклирањето, како и ограничување на проблематичните хемикалии во материјалите што секојдневно доаѓаат во контакт со потрошувачите.

МИА

Може да ви се допадне

МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата
Денеска два астрономски спектакла – помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
Тиквички со туна
Таг:PFASЕУНови правилахрана
Претходен напис Денеска два астрономски спектакла – помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
Следен напис МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?