Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“, проектот продолжува и догодина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Кредитирање и осигурување > Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“, проектот продолжува и догодина
Кредитирање и осигурување

Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“, проектот продолжува и догодина

Последна измена: 03/12/2019 12:33
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Проектот за субвенционирани станбени кредити од државата – „Купи куќа, купи стан“ продолжува и догодина.

Граѓаните од 6-8 декември на саемот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол, ќе можат на едно место да добијат информации од Министерството за финансии, банките кои се во проектот и градежните компании, како да аплицираат за истиот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа посочи дека со годинава направените промени во проектот, значително се подобрени условите за граѓаните кои имаат потреба од поддршка од државата за да се стекнат со сопствен дом.

– Најголема поволност за граѓаните е намалувањето на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95% на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%. И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР. Има нови модели, особено поволни за младите со возраст до и наполнети 35 години. За купување на стан, каде и интересот е најголем, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70% – ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%. Исто така зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата, рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека дополнителна нова поволност во проектот е во насока на подигнување на наталитетот во земјата. Имено за секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година плус.

Ангеловска рече дека има голем интерес за проектот. Годинава има доделено 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра, а само последните три месеци има доделено 61 кредит. Од вкупно одобрените кредити годинава за млади се 48. За станови се 71 од одобрените кредити, а останатите се за куќи. Од апликантите 45% се жени, а 55% се мажи. Се очекува до крајот на годината да има околу 150 доделени кредити.

Средства за „Купи куќа,купи стан“ има предвидено и во Буџетот за 2020 година.

Фото: Слободен печат

Може да ви се допадне

Усвоен договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
ЕК предвидува благ раст на европската економија и натамошно намалување на инфлацијата
Ако цените од четврток скокнат – ќе има нови мерки!
Проф. д-р Дарко Лазаров во „Бизнис-клуб“: Само со поврзување на бизнисот и науката има можност за позитивна трансформација на македонската економија
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
Таг:економијаженикредитикуќамажининастан
Претходен напис Кое дрво е најдобро за во печка
Следен напис Врнежите oд дожд ќе преминат во снег, од утре магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?