Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жените од Ранковце– чувари на традицијата и промотори на домашните вкусови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жените од Ранковце– чувари на традицијата и промотори на домашните вкусови
Агровести

Жените од Ранковце– чувари на традицијата и промотори на домашните вкусови

Објавено 16/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Животот во руралните средини носи многу предизвици, интересни моменти во кои се вткаени труд и посветеност но и можности за создавање автентични производи кои ја раскажуваат приказната за традиционалното. Пример за ова е Кристина Стојчевска е главен иницијатор за организирање на настани кои ја промовираат општина Ранковце на саеми и манифестации од ваков тип во земјава.

-„Учествувавме на манифестации за промоција на храна и традиционални производи, заедно со други жени од нашата општина, како на пример минатогодишното учество на саемот „Од нива до трпеза“, а би сакала да го издвојам и нашето учество на почетокот на овој месец во Куманово на манифестацијата „Органска трпеза“. Сметам дека ова се најдобрите начини на пошироката јавност да и се претстави домашното производство каде што ние жените ги споделуваме своите производи, разменуваме искуства и ја промовираме вредноста на домашно подготвената храна“, вели Стојчевска.

Кристина Стојчевска заедно со групата жени од општина Ранковце по трет пат го организираа настанот посветен на Меѓународниот ден на руралната жена 15 Октомври каде на просторот пред општината а со поддршка на градоначалникот презентираа традиционална храна и домашни призводи кои со љубов и умешност ги подготвувале за своите граѓани.

– Имавме, домашни традиционални јадења, гравче тавче, ориз со копани, пинџур, зелник со сирење, праз, тиква, пецива и останати специјалитети, производи подготвени од природни состојки и храна направена по стари традиционални рецепти. Од нива до трпеза традицијата живее преку нашите жени“, потенцира Стојчевска.

Градоначалникот Даниел Павловски порача дека руралната жена е симбол на трудољубивост, посветеност и истрајност. Со својот труд, знаење и пожртвуваност, таа има незаменлива улога во земјоделското производство, зачувувањето на традицијата и развојот на руралните средини.

-” Како градоначалник, ја препознавам и ја ценам нејзината улога во развојот на нашата општина. Жените од руралните средини се темел на семејството, чувари на нашите вредности и важен двигател на локалниот економски развој. Наша обврска е да создаваме подобри услови за нивна работа, економско јакнење и активно учество во општествениот живот, истакна Павловски.

Приказната за руралната жена е приказна за вредни раце, знаење што се пренесува од генерација на генерација и љубов кон сопственото наследство. Со својата работа, таа докажува дека руралните средини располагаат со голем потенцијал, а жените се важен двигател на нивниот развој.

Поддршката на ваквите иницијативи е важен чекор кон зачувување на традиционалните вредности, промоција на локалните производи и создавање подобри можности за жените во руралните средини.

Може да ви се допадне

Потпретседателот на АЗСРМ Гоце Сарафимов: Имаме одлично поднебје, но потребни се долгорочни стратегии за да го зачуваме производството
Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент
Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци
Таг:жениранковце
Претходен напис Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Следен напис Потпретседателот на АЗСРМ Гоце Сарафимов: Имаме одлично поднебје, но потребни се долгорочни стратегии за да го зачуваме производството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?