Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 4 до 8 октомври ќе се одржи манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Од 4 до 8 октомври ќе се одржи манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Саеми и манифестации

Од 4 до 8 октомври ќе се одржи манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

Објавено 03/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Кочани ги објави содржините за 31. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, што годинава ќе се одржи од 4 до 8 октомври.

Централниот дел на културно-промотивната програма со традиционалното зажнејување и вршидба на ориз ќе се одржи в сабота, 8 октомври, на оризовите полиња во кочанското село Горни Подлог. Во рамки на програмата најавени се промоции на книги, средби со писателите Горјан Петрески, Власта Цениќ и Филип Димкоски и литературни читања во основните училишта во Кочани.

-На централниот настан на манифестацијата во Горни Подлог ќе биде доделена наградата на најуспешниот оризопроизводител, ќе има презентација и дегустација на традиционална храна од ориз, а во паркот во Кочани ќе бидат поставени изложбени и продажни штандови со ракотворби, домашни изработки, органска храна, уметнички креации и слично. Исто така ќе бидат доделени наградите во рамки на детскиот ликовен и литературен конкурс „Рака ориз, грст насмевки“, а настап ќе имаат и најмладите од детските градинки и од основните училишта, истакна Аспарух Михаилов, советник за култура во Општина Кочани.

Во музичко-забавниот дел ќе настапат домашни и фолклорни ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија, а концерти ќе одржат Зарина Првасевда, Ирена Спасовска со Маестро Бенд, како и рок групите „Паркети“ и „Дејзи“.

Организатор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ е Локалната самоуправа на Кочани во соработка со Здружението на пензионери и фолклорните друштва од општината.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
УЈП најави контроли во финансиското работење на штандовите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Викендов во Кочани ќе се одржат традиционалните „Денови на кочанскиот ориз“
Таг:Денови на кочанскиот ориз
Претходен напис Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврово
Следен напис Земјите на Европската Унија ги критикуваат плановите за намалување на употребата на пестициди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?