Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјите на Европската Унија ги критикуваат плановите за намалување на употребата на пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјите на Европската Унија ги критикуваат плановите за намалување на употребата на пестициди
Агровести

Земјите на Европската Унија ги критикуваат плановите за намалување на употребата на пестициди

Објавено 03/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На предлогот на Европската комисија за намалување на употребата и ризикот од пестициди, земјите членки на ЕУ бараат нова проценка на влијанието. Како причина тие ја наведуваат загриженоста за безбедноста на храната и издржливоста, но извршната власт на ЕУ остана цврста во своите убедувања, пишува Euractiv.

Од земјите членки ќе биде побарано да постават свои национални цели за намалување во рамките на дефинираните параметри. Целта е да се преполови употребата и ризикот од пестициди до 2030 година.

Во август, Комисијата објави податоци за очекуваните национални придонеси кои се правно обврзувачки. Резултатите шокираа некои членки. За да се постигне општата цел, поединечните земји мора да се соочат со намалувања од над 60 проценти.

Земјите од ЕУ критикуваат дека се уште се обидуваат да спроведат нешто што било планирано пред војната во Украина. Нагласуваат дека сега на терен се и други услови кои предизвикаа пореметувања во синџирот на снабдување.

ЕУ не може да си дозволи помала продуктивност

„Заради квалитетот на законодавството, барам од Европската комисија да направи нова веродостојна проценка на влијанието, земајќи ги предвид последиците од војната во Украина и да ги преиспитс предложените законски решенија“, изјави полскиот државен секретар Ришард Бартошик. Приоритет е да се обезбеди безбедност на храната на граѓаните на ЕУ и зачувување на суверенитетот на храната, нагласи тој.

Кон ова се приклучија и други земји, како Унгарија, Австрија, Шпанија и Романија, кои посочија дека ЕУ не може да си дозволи да ја намали продуктивноста во моменталниот контекст.

Наспроти нив, германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир изрази поддршка за плановите на ЕК. Тој се спротивстави на идејата за понатамошна проценка на влијанието.

Соочена со реакции, комесарката за здравје и безбедност на храна Стела Киријакидес одби да ги повлече националните цели за намалување на пестицидите, повикувајќи се на волјата на народот.

Таа нагласи дека се подготвени да работат на изнаоѓање компромис и наведе други фактори, како што се климатските промени, губењето на биолошката разновидност, намалениот број на опрашувачи и војната во Украина, кои исто така претставуваат закана за безбедноста на храната.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вештачки ѓубрива
Претходен напис Од 4 до 8 октомври ќе се одржи манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“
Следен напис Како хранењето на маториците влијае на опрасувањето – Помалку калциум, повеќе влакна – зошто?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?