Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обработка на земјиштето за одгледување на пченка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Обработка на земјиштето за одгледување на пченка
Совети

Обработка на земјиштето за одгледување на пченка

Објавено 28/02/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во основна обработка на земјиштето за пченка особено е важна оптималната длабочина на основната обработка и машините за изведување на основната обработка.

Дополнителната обработка на земјиштето ја презема задачата за довршување на обработката во смисла на создавање поволен сеидбен слој за сеидба на пченката.

Зимската бразда е основа за акумулација на зимската влага. Зимската бразда, зголемувајќи го обемот на земјиштето и до 50%, овозможува поголемо впивање на водата и овозможува поголема резерва на вода во почвата за нејзино подоцнежно користење во летниот период. Во екстремно сувите години драстично се гледа разликата помеѓу полињата на кои е изорана зимската бразда (пченката е релативно добра) и оние полиња на кои зимската бразда не е изорана (пченката е многу лоша).

Длабокото орање (зимска бразда) е агротехничка мерка на основна обработка на почвата која секако треба да се изврши штом временските услови го дозволат тоа, најдоцна до крајот на ноември на длабочина до 30 см и повеќе за да се овозможи добро внесување на семето во почвата.

Длабочината на основната обработка на почвата треба да се менува, а не да се ора секоја година на иста длабочина. Со тоа се избегнува создавање збиен слој на почвата, кој оневозможува преземање на водата, а со тоа и на хранливите состојки од подлабоките слоеви на почвата.

Многу е важно зимската бразда на време да се „затвори“. Ако не се затвори на време, целата влага собрана во текот на зимата едноставно ќе испари во атмосферата. Во некои случаи кога зимската бразда не време не се затвори, почвата толку се суши што не е можно да се подготви за сеидба. Затворањето на браздата е препорачливо по поминување на зимата кога почвата доволно ќе се исуши, најдоцна до почетокот на март. На тој начин се разбиваат големите грутки, се рамни површината и собраната зимска влага се чува од испарување во атмосферата. Така собраната и зачувана влага пченката ја користи во пролетниот и летниот период (цветање – оплодување), кога на пченката влагата и е на најпотребна.

За пченката важи провереното агротехничко правило дека семето мора да има „тврда постела, а мека покривка“.

Пред сеидбата почвата се подготвува со едно или две поминувања со брана на длабочина на која подоцна ќе се сее.

Сеидбата е комплексна агротехничка мерка, а грешките направени при сеидбата не можат да се поправат. Оптималното време за сеидба се одредува во зависност од температурата на почвата и времето на последните пролетни мразеви. Минималната температура на почвата треба да биде над 10 степени Целзиусови, на која се врши сеидбата. Во наши услови заради различниот релјеф и клима во различни подрачја, како оптимален период за сеидба се смета од средината на април до средината на мај. Во овој период се сеат хибриди со подолга вегетација, а кога сеидбата доцни, треба да се изберат хибриди со покуса вегетација.

Сеидбата се врши на меѓуредово растојание од 70 см, а во редот во зависност од потребниот број на растенија по хектар.

АПРЗ

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:браздипченка
Претходен напис Времето денеска претежно облачно, попладне со врнежи од дожд
Следен напис Тартуфите на ТУФ – Вистински деликатес од длабочините на македонските шуми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?