За потребите на Центрот за репродукција на европскиот елен во рамки на Националниот парк „Галичица” е направен склад со место за прихрана на дивечот.
Објектот за складирање на храната со хранилицата е поставен на локалитетот „Косто бачило”, а е со намена за чување кабаста и зрнеста храна. На тој начин ќе се намалат трошоците предвидени за прихрана на елените во паркот.
Репродуктивниот центар за европски елен беше оформен во 2018 година со цел да се изврши реинтродукција таа врска дивеч во НП „Галичица”, со цел активно управување со секундарните живеалишта и високопланинските пасишта во националниот парк со помош на дива фауна.
Во 2019 година во паркот беа донесени 30 единки евртопски елен, од кои 24 женки и шест мажјаци. Веќе наредните две години забележана е принова, а сега брои 60 единки.
-Почнувајќи од следната 2022 година ќе почнеме да пуштаме одреден број на единки во природа, надвор од репродуктивниот центар, додава Бојаџи потенцирајќи дека редовно се одржува инфраструктурата на репродуктивниот центар, вели Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата во НП „Галичица”.
Со пуштањето на елените во природа, покрај остварувањето на примарната цел за реинтродукција на европскиот елен, од НП „Галичица” очекуваат дека генерално ќе се зголеми атрактивноста на паркот за посетителите.
МИА
