Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година
Јавни огласи и повици

Објавен јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година

Објавено 04/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година.

Огласот, како што соопшти Министерството, е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со која Минситерството обезбеди вкупно 42.3 милиони денари финансиска поддршка.

Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и глуво лице, корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години возраст, а без оглед на старосната возраст, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од: 24.500,00 денари за едночлено домаќинство, 42.000, 00 денари за домаќинство со два члена, 60.000, 00 денари за домаќинство со три члена и 80.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот надоместок согласно Законот за социјалната заштита.

При пресметка на вкупниот доход на домаќинството кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно со законот за данок на личен доход, надоместокот заради попреченост, не се засметува при пресметката на вкупниот нето доход на домаќинството. За ранлив потрошувач од точка 1 од овој јавен оглас не се смета лице кое што го користи правото на цивилна или воена инвалиднина.

Лицата со категориите од точка 1 од овој оглас се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1000,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето, во времетраење од 12 месеци.

-Вкупно ќе се распределат: 2. 300. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, 19. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со најтешка телесна попреченост, 9.000.000,00 денари од вкупните средства ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно слепо лице и 12. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно глуво лице, стои во соопштението.

Од Министерството додаваат дека не следува поддршка за лица со цивилна или воена инвалиднина или сместени подолго од 30 дена во институции.

Рокот за аплицирање по јавниот оглас изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас.

Барањето се поднесува со пополнет образец кој е достапен во архивата на Министерството или на www.energy.gov.mk, каде се наведени и сите останати документи кои се задолжителни да се достават со барањето. За тоа кои документи се задолжителни за секоја група на баратели погледнете на https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/izvestuvanja-file-3m6z.pdf

Документите се достапни во архивата на Министерството или може да се обезбедат преку интернет страната на министерството: www.energy.gov.mk .

Во соопштението се додава дека комисиите составени од по три члена ќе ги разгледуваат барањата, ќе вршат проверка преку надлежните институции и ќе предложат решенија до министерот. Поддршката започнува од месецот по објавата на списокот на корисници и се пресметува на месечната сметка за струја.

Неплатени две последователни сметки доведуваат до укинување на решението за поддршка. 

МИА

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
РКЕ: Во 2025 година раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори
Таг:електрична енергијајавен огласобјавенфинансиска поддршка
Претходен напис Водата во Скопје безбедна за пиење
Следен напис На браната „Градче“ кај Кочани фатен „Толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?