Вчера по врнежливо време, спортско-риболовното друштво „Шаран“ финансиски потпомогнато од општина Македонска Каменица и Рудник САСА изврши порибување на водите на Калиманско Езеро.
Во оваа втора фаза беа пуштени 300 kg ситен порибен материјал составен од 200 грамски единки на крап и 700 kg матичен порибен материјал составен од капитални единки на крап од 2 до 6 kg.

Порибниот материјал е од езерото Козјак од Репро Центар МИА ЕКО ФИШ кои одгледуваат риба за подмладување на рибниот фонд. Порибената риба би требало во пролетните месеци да се измрести со што значително ќе се збогати рибниот фонд во езерото. Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу општина Македонска Камедница, рудник САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци.

