Новата реформирана заедничка земјоделска политика денеска стапува на сила со објавата во службениот весник на ЕУ.
Договорот е постигнат во јуни помеѓу Парламентот и Советот на ЕУ врз база на предлогот на Европската комисија.
Во новиот предлог за земјоделската политика на ЕУ се вклучени „поамбициозни цели за животната средина и климата“, вели Европската комисија и „порамномерна распределба на помошта, посебно малите и средните фарми“.
Земјите членки имаат рок до 31 декември да ги поднесат своите стратешки планови до Европската Комисија која потоа ќе ги евалуира и треба да ги одобри во рок од шест месеци. Националните планови треба да бидат готови и проценети до први јануари 2023 кога треба да почнат да се применуваат.
Извор: МИА
Напишете коментар